Орден за воени заслуги (Македонија)

Орденот за воени заслуги е високо воено одличие на Република Македонија кое се доделува за храброст и воопшто, истакната служба на воен план.

Орден за воени заслуги
Видвоено одличие
Доделена заУспеси и постигнувања на безбедносните сили на Македонија
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Македонија
Статуссе доделува


Особености уреди

Има основна медалјонска форма со димензии од 65мм. Медаљонот има форма на осмокрака ѕвезда, чии краци се спојуваат во круг кој го сочинува мотото -за татковината и знамето на Република Македонија. Околу краците на ѕвездата има венец од дабови гранки. Над орденскиот знак има карика од вкрстени мечеви со апликација на дабов лист. Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента со која се носи на врат.

Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериум уреди

Орденот за воени заслуги се доделува на:

  • на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката;
  • за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;
  • на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и
  • на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.

Добитници уреди

  1. http://vesti.mk/read/news/8962667/3222056/odlikuvanja-za-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-na-mvr[мртва врска]
  2. http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-06-26. Посетено на 2016-08-19.
  4. 4,0 4,1 4,2 http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4537-n18082017.html[мртва врска]
  5. 5,0 5,1 „Одликувања и признанија“. president.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 2018-08-17.