Македонско грбословно друштво
Македонското грбословно друштво (МГД) — единствено стручно тело од областа на хералдиката, вексилологијата, генеалогијата, фалеристиката, шивалристиката и нобиларни прашања во Македонија. Здружението било основано на 15 јули 2018 година во Скопје. Друштвото е духовен наследник и ги продолжува активностите на Македонското хералдичко здружение.
Големиот грб на Македонското грбословно друштво | |
Кратенка | МГД |
---|---|
Основана | 2018 |
Вид | невладина организација |
Регион | Македонија |
Претседател | Јован Јоновски |
Потпретседател | Иван Нацевски |
Секретар | Павле Арсоски |
Припадност | Меѓународна федерација на вексилолошки здруженија (ФИАВ) Меѓународна конфедерација на генеалогија и хералдика (ИЦГХ) |
Мреж. место | https://heraldika.org.mk/ |
Историјат
уредиМакедонско хералдичко здружение
уредиВо текот на 2000 година, била пуштена мрежната страница наречена „Хералдика во Македонија” од Јован Јоновски, која објавувала грбови и исечоци од книгата на Матковски, на англиски и македонски јазик. Страницата набргу била надополнувана со грбови кои се користат во Македонија и тоа, територијални, корпоративни и лични. Страницата започнала да објавува и информации за историската, теориската и хералдиката воопшто. Околу мрежната страницата биле собрани група заинтересирани, и летото 2003 година било основано Македонското хералдичко здружение кое работело до 2018 година.[1]
Основање
уредиДруштвото било веднаш основано со прекинот на старото Македонско хералдичко здружение на 15 јули 2018, Претседател и главен хералд е д-р Јован Јоновски, Потпретседател и Вардарски хералд д-р Иван Нацевски и секретар и Еригонски хералд д-р Павле Арсоски.[2]
Грбовни службеници
уредиМакедонското грбословно друштво има пет грбовни службеници: Три хералди и два персеванти
Главен хералд
уредиГлавен хералд е грбовен службеник, функција поврзана со позицијата на претседателот на Македонско грбословно друштво(МГД). Главниот хералд како грб на позиција го користи средниот грб на МГД, а како банер на позиција го користи банерот на МГД.[3]
Блазон на грбот на главниот хералд: на црвено, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот круна на главен хералд на МГД. Зад штитот вкрстени две палки на главен хералд.
Службеници: д-р Јован Јоновски
Вардарски хералд
уредиВардарски хералд е грбовен службеник, функција поврзана со позицијата на потпретседателот на Македонско грбословно друштво(МГД). Вардарскиот хералд има грб на позиција како и банер на позиција.[3]
Блазон на грбот на Хералд Вардарски: на црвено, шест брановидни ремена, сини, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.
Службеници: д-р Иван Нацевски
Еригонски хералд
уредиЕригонски хералд е грбовен службеник, функција поврзана со позицијата на секретарот на Македонско грбословно друштво (МГД). Еригонскиот хералд има грб на позиција како и банер на позиција.[3]
Блазон на грбот на Хералд Еригонски: на пурпурно, винова лоза со плод, сето златно, во основа два брановидни ремена, сребрени. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.
Службеници: д-р Павле Арсоски
Персевант Брегалнички
уредиПерсевант Брегалнички е грбовен службеник, функција на Македонско грбословно друштво(МГД). Персевантот Брегалнички има грб на позиција како и банер на позиција.[3]
Блазон на грбот на Персевант Бегалнички: сино, на брег тврдина со три кули, сето сребрено, во основа два брановиднни ремени, сини. Над секоја кула по една осумкрака ѕвезда, златна. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.
Службеници: Слободна позиција
Персевант Пчински
уредиПерсевант Пчински е грбовен службеник, функција на Македонско грбословно друштво(МГД). Персевантот Пчински има грб на позиција како и банер на позиција.[3]
Блазон на грбот на Персевант Пчински: расечен на сино и црвено, два брановидни ремена, обратно обоени, врз сè искорнато дабово дрво, сребрено. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.
Службеници: Слободна позиција
Цели и активности
уредиЦели
уредиЦелите на здружението се:[1]
- Популаризација на хералдиката.
- Истражување на хералдичкото наследство во и поврзано со Македонија.
- Изработка на грбови, знамиња, одликувања.
- Хералдички регистер во кои се заведуваат хералдички достигнувања (грбови, знамиња, беџеви)
- Едукација од областа на хералдиката
- Издавачка дејност
Активности во Македонија
уредиМакедонското грбословно друштво ги продолжува следните активности:[1]
- Популаризацијата на хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.
- Истражувања хералдичкото, вексилолошкото и фалеристичкото наследство поврзано со Македонија.
- Издавање на Македонски хералд -гласник кој е двојазичен, англиски и македонски и со меѓународен уредувачки одбор.
- Одржување на регистерот на хералдички достигнувања на МХЗ.
- Изработка на грбови, знамиња и одликувања.
- Одржување на месно-хералдичкиот систем за територијални и општински грбови на МХЗ.
Меѓународни активности
уредиМакедонското грбословно друштво е полноправен член на Меѓународната конфедерација за генеологија и хералдика (CIGH) од 29. Меѓународен конгрес на генеолошки и хералдички науки во Штутгарт, Германија, одржан во септември 2010 година.[4]
Македонското грбословно друштво е член на Меѓународната федерација на вексилолошки здруженија (FIAV) од 2018 година.
Македонското грбословно друштво има плодна соработка со Бугарското хералдичко и вексилолошко друштво (БХВО) и Хрватското хералдичко и вексилолошко друштво (HGZD), со кои има развивано стручна соработка и пријателски односи.
Соработка има и со Српското хералдичко друштво „Бели орао“.
Хералдички регистар
уредиВо регистарот на хералдички достигнувања (грбови, знамиња, значки) се заведуваат грбови за кои се издавааат соодветни матрикули. Регистрираните грбови се објавуваат и во „Македонски хералд“.[5]
„Македонски хералд“
уредиМакедонското грбословно друштво го издава научното списание „Македонски хералд“ од број 11 (2018,) во кое се објавуваат рецензирани статии поврзани со Македонија но и со регионот. Македонски хералд излегува двапати годишно, со меѓународен уредувачки одбор, со рецензирани статии. Претходно, Македонски хералд е издаван од Македонското хералдичко здружение (2005-2016). Главен уредмик во целиот период е д-р Јован Јоновски
Гласникот е двојазичен, на македонски и англиски јазик. Покрај печатеното издание, „Македонски хералд“ е и во мрежна верзија.[6]
Галерија
уреди-
Малиот грб на Македонското грбословно друштво
-
Средниот грб на Македонското грбословно друштво и грб на Главниот Хералд
-
Знамето на Македонското грбословно друштво
-
Грб на Хералдот Вардарски
-
Знаме на Хералдот Вардарски
-
Грб на Хералдот Еригонски
-
Знаме на Хералдот Еригонски
-
Грб на Персевантот Пчински
-
Знаме на Персевантот Пчински
-
Грб на Персевантот брегалнички
-
Знаме на Персевантот Брегалнички
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „About us“. heraldika.org.mk. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 17 јули 2021. - ↑ Грбови на Македонското грбословно друштво
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 https://heraldika.org.mk/about-us/members/
- ↑ „Македонски хералд“ број 5
- ↑ Регистар Посетено на 21 октомври 2021
- ↑ Македонски хералд Посетено на 21 октомври 2021
Надворешни врски
уреди- „Македонски хералд“ - списание на Друштвото
- ЗНАМЕ.МК - страница посветена на знамето на Република Македонија