Неофит (бугарски патријарх)

Неофит (15 октомври 194513 март 2024) — православен духовник од Бугарија, 28. поглавар на Бугарската православна црква со титулата Патријарх Бугарски и митрополит Софиски од 24 февруари 2013 година. Од 1994 година до 2001 година бил Доростоло-червенски митрополит. Од 2001 година до изборот за бугарски патријарх бил Русенски митрополит. Бил патријарх од 24 февруари 2013 г. до неговата смрт на 13 март 2024 г.

Патријарх Неофит
28. Патријарх Бугарски и митрополит Софиски
ЦркваБугарска православна црква
СедиштеСофија
Ракоположен24 февруари 2013
ПретходникМаксим
Лични податоци
Световно имеСимеон Николов Димитров
Роден15 октомври 1945(1945-10-15)
Софија, Бугарија
Починал13 март 2024(2024-03-13) (возр. 78)
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Образование

уреди

Роден е во Софија на 15 октомври 1945 година со световно име Симеон Николов Димитров во работничко, безпартиско и силно религиозно семејство. По завршување на основно образование, во есента 1959 година бил примен за ученик во Софиската духовна богословија во Черепиш и завршил во 1965 година. Од септември 1967 година бил студент во Духовната академија „Свети Климент Охридски“, која ја завршил во 1971 година. Од есента на 1971 година до 1973 година бил на богословска специјализација во одделот за црковно пеење при Московската духовна академија.[1]

Наставна кариера

уреди

На 1 септември 1973 година бил назначен за професор по Источноцрковно пеење и диригент на студентскиот хор при Духовната академија. Четири години подоцна станал виш професор по источноцрковно пеење и богослужбена пракса на Духовната академија, каде предава, до крајот на 1980 година. На 1 декември 1989 година епископ Неофит бил избран за ректор на Духовната академија, а потоа реконструкцијата на академијата како богословски факултет при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ на 26 јули 1991 година бил избран и за прв декан. Тој ја вршел функцијата до јануари 1992 година, кога бил назначен за главен секретар на Светиот Синод на БПЦ. [1]

Духовен живот

уреди

Неофит бил потстриган за монах на 3 август 1975 година во Тројански манастир со името Неофит. Следниот месец бил избран за диригент на Софискиот свештенички хор. Лично Патријархот Максим го ракоположил за јеромонах на 25 март 1976 година. Архимандритско достоинство добил повторно од Максим на 21 ноември 1977 година во Соборниот храм „Света Недела“. Од 1 јануари 1981 година до декември 1985 година архимандрит Неофит бил протосингел на Софиската митрополија. Како таков на 8 декември 1985 година во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ бил хиротонисан во епископски чин со титула Левкиски и бил назначен за втор викар на софискиот митрополит.[1]

Како главен секретар на Светиот Синод и претседател на црковниот одбори при храм-споменикот „Свети Александар Невски“, за време на расколот во БПЦ, одиграл важна улога преку преговорите во ослободувањето на окупираната Синодална палата.

На 27 март 1994 година бил избран, а од 3 април истата година, бил и канонски утврден за Доростоло-червенски митрополит. Во 2001 година на Петтиот црковно-народен собир се решило да се подели Доростолско-червенската епархија на Русенска и Доростолска епархија, а Неофит бил назначен за русенски митрополит.[1]

Патријарх на Бугарија

уреди

На 24 февруари 2013 година на патријаршиски изборен црковен собир е избран за патријарх на Бугарската православна црква со поднесени 90 гласови спрема 47-те гласа за митрополит Гаврил Ловчански. [2] Се задржал на престолот сè до смртта на 13 март 2024 г.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Митрополит Неофит“. Официална уеб страница на Русенската епархия на Българска православна църква. Посетено на 2013-02-13.
  2. „Неофит е новият патриарх на Българската православна църква“. www.dnevnik.bg. 28 февруари 2013 г. Посетено на 2013-02-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди