Протосингел
Протосингел (грчки: πρωτοσυγκελλος = „прв соќелијник“) — одликување со кое се одликуваат претставниците од високиот клир. Како што е случајот со поголемиот број титули коишто се пренеле од Источното Римско Царство, денес ова одликување има само титуларна смисла. Историски гледано, протосингелот бил монахот со којшто епископот ја делел неговата ќелија, и му помагал во секојдневните активности.
Во денешно време оваа почесна титула најчесто му се доделува на највозрасниот клирик во една епархија.