Црква Света Недела (Софија)

Црквата Света Недела (бугарски: Света Неделя , поранешно име Свети Крал) е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија.

Црква Света Недела
Црква Света Неделя
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Координати42°41′48.4″N 23°19′17.6″E / 42.696778° СГШ; 23.321556° ИГД / 42.696778; 23.321556
ПрипадностБугарска православна црква
Осветен7 април 1933
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоСофиска епархија
Архитектонски опис
Архитект(и)Иван Василев
Димитар Цолов
Архитектонски типцрква
Завршен1927 - 1933
Особености
Должина30 метри
Ширина15,5 метри

Историја

уреди
 
Моштите на кралот Стефан Милутин (владеел 1282–1321) во црквата Света Недела, по кого црквата уште се вика Свети крал

Црквата е катедрален храм на софискиот митрополит. Таа се наоѓа на стариот плоштад Коручешме кој денеска се вика Света Недела. Во 19 и првите години на 20 век храмот се нарекувал Свети крал, бидејќи во него се чувале моштите на српскиот крал Стефан Урош II (1282-1321). Околу 1460 година за време на епидемијата во градот, софискиот митрополит Силваниј ги пренел од населбата Трепча, северно од Приштина во денешниот Лулински манастир Свети Кирил и Методиј. Потоа тие биле пренесени последователно во ротондата Свети Ѓорѓи, во храмот Свети Архангел, во митрополитската црква Света Марина. Најверојатно во почетокот на 18 век храмот Света Недела станал митрополитски и моштите на српскиот крал биле пренесени во него.

Веројатно првичната црква била изградена во 10 век и како други тогашни софиски храмови била со камени основи, а нагоре со дрвена конструкција. Во овој изглед храмот опстојувал сè до средината на 18 век. Во почетокот на 50-тите години на 19 век Софиската митрополија и Софиската градска црковна општина одлучиле да изградат нов катедрален храм. На 7 мај 1856 година започнала изградбата на новата црква. Таа е трикорабна базилика со должина 35,5 метри и ширина 19 метри.

Во есента на 1863 година изградбата на новата црква била завршена. Од 1863 до 1865 година Антон Станишев го изработил иконостасот. Дел од иконостасот. Осветувањето на храмот се извршило во 1867 година. При привременото руско управување (1877-1879) кнез Александар Дондуков-Корсаков подарил на храмот комплет од 8 камбани со различна големина.

На крајот на 19 век во врска со големите урбанистички промени во центарот на главниот град црковното одбор решил да го реставрира надворешниот изглед на храмот. Дизајнот бил доверен во 1898 година на архитектот Никола Лазаров. За три години обновата била довршена.

На 20 јуни 1915 година починал бугарскиот егзарх Јосиф I. Тој бил погребан на јужната страна на храмот. Три години подоцна починал софискиот митрополит Партениј, кој бил погребан на северната страна на храмот.

Црквата била срушена на 16 април 1925 година кога во неа бил организиран терористички напад од страна на комунистите во градот. Во нападот од експлозијата биле убиени 193 луѓе а биле повредени околу 500. Се смета дека тоа е најтешкиот терористички чин во историјата на Бугарија, а во тоа време и во светот.

Поправките на храмот започнале во јуни 1927 година. До пролетта на 1933 година бил изграден речиси новиот храм со должина од 30 метри, ширина од 15,50 метри и височина со куполата од 31 метар. Во храмот бил вратен позлатениот иконостас. Храмот бил свечено осветен на 7 април 1933 година. Во 1992-1994 година била извршена поправка на подот во храмот.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди