Три дена во септември (филм)

македонски филм од 2015 година
(Пренасочено од Три дена во септември)

Три дена во септемвримакедонски филм од 2015 година, во режија на Даријан Пејовски. Филмот бил снимен во продукција на „Skopje Film Studio“ и „Ikone Studio“, а бил финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинематографскиот центар на Косово.[1][2]

„Три дена во септември“
Плакатот на филмот
РежисерДаријан Пејовски
ПродуцентТоми Салковски
СценаристДаријан Пејовски
Игор Иванов
Главни улогиИрена Ристиќ
Камка Тоциновски
Адем Карага
Милица Стојанова
Салаетин Билал
Александар Микиќ
Горан Трифуновски
МузикаАлександар Пејовски
КинематографијаДимо Попов
МонтажаВладимир Павловски
СтудиоSkopje Film Studio
Ikone Studio
Времетраење90 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Содржина

уреди

Две сосема различни жени, едната проститутка, а другата притаен одмаздник, по силата на судбината влегуваат во сојуз и меѓусебно си помагаат во расчистувањето на нивното темно минато. Имено, Марика (ја игра Тоциновски) убива човек во самоодбрана и, бегајќи од законот, влетува во еден воз каде ја среќава Јана (ја игра Ристиќ) - тивка жена во доцните триесетти години, која патува во својата викендичка во планините. Марика ја користи приликата и се засолнува во викедницата на Јана, но влетува во неочекувана и опасна авантура...[1]

Работен состав

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Три дена во септември“, Економија и бизнис, година 18, број 206, 12 август 2015, стр. 82-83.
  2. „Македонскиот филм „Три дена во септември" вечерва на Телма“. Кајгана. Посетено на 2025-02-04.