Брезник (бугарски: Брезник, до 1945 г. Брѣзникъ) — град во Западна Бугарија, административен центар на Општина Брезник во Перниичката Oбласт. Има население од околу 3.835 жители (2022).[1]

Брезник
Брезник
град
Обновениот православен храм „Св. Георги“ во Брезник
Обновениот православен храм „Св. Георги“ во Брезник
Брезник is located in Бугарија
Брезник
Брезник
Местоположба на Брезник во Бугарија
Координати: 42°44′19″N 22°54′38″E / 42.73873° СГШ; 22.910668° ИГД / 42.73873; 22.910668
ЗемјаБугарија
ОбластПерник
ОпштинаБрезник
Управа
 • ГрадоначалникВасил Узунов (независен)
Површина
 • Вкупна23,481 км2 (9,066 ми2)
Надм. вис.&10000000000000756000000756 м
Население (2022)
 • Вкупно3,835
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2360
Повик. бр.+359 07751
Мреж. местоbreznik.info

Географија и местоположба

уреди

Брезник се наоѓа во западниот дел на Бугарија. Од главниот град Софија е оддалечен 45 км западно, а градот Перник е оддалечен е само 20 километри северно.

Релјеф

уреди

Областа Брезник се наоѓа во центарот на Брезничкото поле, на околу 760 метри м.н.в. Над градот се крева планината Голо брдо. Крајот околу градот се вика Граово.

Клима

уреди

Поради значителната надморска висина килмата во Брезник е поостар облик на континентална клима со планински влијанија.

Вода

уреди

Низ Брезник и околината протекуваат повеќе помали потоци.

Историја

уреди

Првпат градот бил спомнат во Приказната за Исаија од 11 век и Бугарската апокрифна хроника како БР(Ѣ)ЗНИКЪ. Подоцна градот се споменувал и во текот на 15-19 век, што го потврдува неговото континуирано постоење.

Во 17-18 век Брезник бил атрактивен центар за водечките сликари и градители. Мештаните били многу активни и успеале да го привлечат дури и истакнатиот претставник на самоковската школа, Јован иконописец. Воспитно-образовната работа исто така била многу добро развиена. Ќелијни училишта имало во Билинскиот манастир, црквата „Света Петка“ и во некои брезнички села. Во 1869 година во градот Брезник било основано првокласното училиште во кое учителствувал Димитар Тонџаров од Самоков. На негова иницијатива во градот бил отворено и градското читалиште. Во времето пред ослободувањето имало околу 200 бугарски и 30-40 турски куќи, а потоа турското население се иселило од градот и од сите села во околината.

Демографија

уреди

Според проценките од 2010 година во Брезник живееле околу 4.200 жители. Поголемиот број на градското население се Бугари. Остатокот се најчесто Роми. Последните децении жители се иселуваат од градот заради оддалеченоста од главните случувања во земјата. Поголемиот дел од населението е православно.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.