30 септември (настани)
шаблон на Викимедија
489 | Остроготите под воство на Теодорих Велики по вторпат извојувале победа над војската на италијанскиот крал Одоакар |
1399 | Хенри IV е прогласен за крал на Англија. |
1814 | По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили. |
1864 | Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија. |
1903 | Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи. |
1991 | Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка. |
1993 | Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години. |
1998 | Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. |