Литванија
Литванија (литвански: Lietuva), официјално Република Литванија (Lietuvos Respublika), а многу ретко Литва[4] — земја во Североисточна Европа и е сместена меѓу Русија и Балтичкото Море на запад, Полска на југ, Белорусија на исток, Латвија на север. Државата е стара преку 1.000 години.[5]
Литванска Република Lietuvos Respublika
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Tautos jėga vienybėje „Силата на нацијата лежи во единството“ |
||||||
Химна: Tautiška giesmė „Национална песна“ |
||||||
Местоположбата на Литванија (темно зелена) – на Европскиот континент (зелена и светло сива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Вилнус 54°41′N 25°19′E / 54.683° СГШ; 25.317° ИГД | |||||
Службен јазик | Литвански | |||||
Народности (2011[1]) | ||||||
Демоним | Литванци
(Литванец/Литванка) |
|||||
Уредување | полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Гитанас Науседа | ||||
• | Премиер | Ингрида Шимоните | ||||
• | Прет. на сејмот | Викторија Чмилите-Нилсен | ||||
Независност | од Руската Империја (1918) | |||||
• | Споменување на Литванија | 14 февруари 1009 | ||||
• | Државност | 6 јули 1253 | ||||
• | Персонална унија со Полска | 2 февруари 1386 | ||||
• | Објавување на Полско-литванската Државна Заедница | 1569 | ||||
• | Руска/пруска окупација | 1795 | ||||
• | Објавување на независност | 16 февруари 1918 | ||||
• | 1ва советска окупација | 15 јуни 1940 | ||||
• | 2ра советска окупација | 1944 | ||||
• | Обновување на независноста | 11 март 1990 | ||||
• | Нацистичка окупација | 1941 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 65,200 км2 (123та) | ||||
• | Вода (%) | 1,35% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | 2.892.761 (137та) | ||||
• | Густина | 52 жит/км2 (120та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 ММФ октомври г. | |||||
• | Вкупен | $63,579 билиони[2] (75та) | ||||
• | По жител | $18.854 (46та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 ММФ октомври г. | |||||
• | Вкупно | $48,747 билиони [1] (75та) | ||||
• | По жител | $14.456 (39та) | ||||
Џиниев коеф. (2003) | 36 среден |
|||||
ИЧР (2014) | ▬ 0.834[3] многу висок · 35та |
|||||
Валута | евро (€) (EUR ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .lt1 | |||||
Повик. бр. | 370 | |||||
1. | Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија. |
Потекло на поимот
уредиИсторија
уредиВо XVI век, Литванија е една од најбогатите и најмоќните земји во Европа. На 3 мај 1791, Полско-литванската Државна Заедница го ратифицирала првиот устав во Европа. Набргу потоа, Литванија престанува да постои 123 години, поради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија.
Литванија повторно се изборува за независност во 1918 година. Во 1988, на првите делумно слободни избори во Литванија по Втората светска војна, победува Движењето за Саjyдиc (Sąjūdis), а поразени се литовските комунистички владетели.
Во 2003 година бил потпишан договор за присоединување на Литванија кон ЕУ. Така од 1 мај 2004 година, Литванија станала членка на ЕУ и НАТО.
Географија и клима
уредиЛитванија граничи со Русија и Балтичкото Море на запад, Република Полска на југ, Белорусија на исток, Летонија на север. Најголемата река во државата е Неман. Неговиот воден тек не поминува надморска висина повеќе од 250 метри. Најголемиот врв е висок 294 метри. Во Литванија има околу 3000 езера. Климата е континентална и морска.
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиЛитванија е поделена на 10 окрузи (apskritys) кои ги носат имињата на нивните административни центри. Окрузите се поделени на вкупно 60 општини (savivaldybės): 9 градски, 43 реонски и 8 обични. Секоја општина потоа се дели на старешинства (seniūnijos). Во 2010 г., на окрузите им е одземена управата и оттогаш тие претставуваат само територијални и статистички единици.[6]
Окрузи
уреди- Алитушки
- Вилнушки
- Каунашки
- Клајпедски
- Маријамполски
- Паневешки
- Таурашки
- Телшјајски
- Утенски
- Шјауљајски
Општини
уредиГрадови
уредиНаселение, јазик и религија
уредиПо површина зафаќа 65.301 км2, а брои население од 3.349.900 жители, од кои 84% се Литванци, потоа има 6,1% Полјаци, 4,9% Руси и 1,1% Белоруси.
Религија
уредиХристијанство
уреди79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква.[7] Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста. Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на XIX век. Советските власти продолжиле со забраната.
Вкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.[7] Вкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија [7].
Ислам
уредиВо Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство Литванија и Полско-литванската Државна Заедница на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари [8] Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански татари.
Други религии
уредиСпоред пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272.[9]
Култура
уредиНаводи
уреди- ↑ „Population at the beginning of the year by ethnicity“. DB1.stat.gov.lt. Statistics Lithuania. Архивирано од изворникот на 2016-01-01. Посетено на 2 јули 2012.
- ↑ „Извештај за избрани земји и субјекти“.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 162, Просветно Дело, Скопје, 2007
- ↑ Mindaugas, 1236
- ↑ „Dėl apskričių viršininkų administracijų likvidavimo“. Парламент на Република Литванија. Посетено на 21 август 2011.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 (литвански) „Romos katalikų daugiausia“ (PDF). Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. 2002-11-07. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-25. Посетено на 2009-10-23.
- ↑ Islamic peoples of the Soviet Union, by Shirin Akiner, pg. 85
- ↑ (литвански) „Gyventojai pagal tautybę ir tikybą“. Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. Архивирано од изворникот на 2013-05-28. Посетено на 2021-08-13.
Надворешни врски
уреди- [2] Архивирано на 1 септември 2005 г.