Лагадина (општина)
Општина Лагадина Δήμος Λαγκαδά | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Лагадинско Поле |
Население: | 49.294 (2021) |
Седиште: | Лагадина |
Нас. места: | 43 |
Пошт. бр.: | 572 00 |
Пов. бр.: | 23940-2 |
Портал: | lagadas.gr |
Лагадина или Лагадин (грчки: Δήμος Λαγκαδά, Димос Лангада) — општина во Солунскиот округ од областа централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар на општината е градот Лагадина (Лангадас).
Населени местаУреди
Општината Лагадина е содадена на на 1 јануари 2011 г. со спојување на седум административни единици — општините Лагадина (Лангадас), Лахна (Лаханас), Гвоздово (Асирос), Сухо (Сохос), Калиндија, Лагадинско Езеро (Коронија), Богданска Планина (Вертискос) согласно законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Богданска ПланинаУреди
Општинската единица Богданска Планина со седиште во Висока (Оса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на Богданска Планина (Вертискос):
- Општински оддел Кара Омерли
- село Кара Омерли (Λοφίσκος, Лофискос)
- село Чернак (Αρετή, Арети)
- Општински оддел Хаџи Маала
- село Хаџи Маала (Πέντε Βρύσες, Пенде Врисес)
- село Џами Маала (Πολυδένδρι, Полидендри)
На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Хламур (Фламури), кое е целосно иселено во 1961 г.[2]
Општинска единица ГвоздовоУреди
Општинската единица Гвоздово со седиште во Гвоздово (Асирос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел на Лагадинското Поле:
- Општински оддел Гвоздово (2.481)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (или Ени Ќој; Κριθιά, Критија)
На територијата на општинската единица се наоѓало и историското село Гнојна (Παλαιοχώρα, Палеохора).
Општинска единица ЛагадинаУреди
Општинската единица Лагадина ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во Лагадинското Поле:
- Општински оддел Лагадина
- град Лагадина (или Лагадин; Λαγκαδάς, Лангадас)
- Општински оддел Корфалу
- село Корфалу (или Куровали; Ανάληψη, Аналипси)
- Општински оддел Ракли
- село Ракли (или Аракли, Ηράκλειο, Ираклио)
- Општински оддел Баловец
- село Баловец (Балевец или Балавча; Κολχικό, Колхико)
- Општински оддел Каваларци
- село Каваларци (или Кавалар, Καβαλλάρι, Кавалари)
- Општински оддел Лагиново
- село Лагиново (или Лајна, Λαγυνά, Лагина)
- Општински оддел Сирачево
- село Сирачево (или Сарачи, Περιβολάκι, Периволаки)
- Општински оддел Саријар
- село Саријар (Саријер или Сариер; Χρυσαυγή, Хрисавги)
Општинска единица Лагадинско ЕзероУреди
Општинската единица Лагадинско Езеро со седиште во Геракари ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик, по јужниот брег на Лагадинското Езеро (Коронија):
- Општински оддел Геракари
- село Геракари (Γερακαρού; Јеракару)
- Општински оддел Свети Васил
- село Свети Васил (или Ајавасил; Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос)
- Општински оддел Ардамери
- село Ардамери (Αρδαμέρι)
- Општински оддел Левен
- село Левен (Βασιλούδι, Василуди)
- Општински оддел Љангавич
- село Љангавич (Λαγκαδίκια, Лангадикија)
Општинска единица ЛахнаУреди
Општинската единица Лахна со седиште во Негован ги опфаќа следние општински оддели и населени места во северниот дел на Богданска Планина (Вертискос):
- Општински оддел Негован
- село Негован (Ξυλόπολη, Ксилополи)
- Општински оддел Зарово
- село Зарово (Νικόπολη, Никополи)
- Општински оддел Караџаќој
- село Караџаќој (Καρτερές, Картерес)
- село Отманли Маала (Μαυρορράχη, Маврорахи)
- село Стефанија (Στεφάνια) новосоздадено
- село Богородица (Δορκάδα, Доркада)
- Општински оддел Клепе
- село Клепе (Λευκοχώρι, Левкохори)
- Општински оддел Лахна
- село Лахна (Λαχανάς, Лаханас)
- село Ајвалакдере (или Ајваџикдре; Κυδωνιά, Кидонија)
- село Караџали (Ευαγγελίστρια, Евангелистрија)
Општинска единица КалиндијаУреди
Општинската единица Калиндија со седише во Загливер ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик:
- Општински оддел Загливер
- село Загливер (Ζαγκλιβέρι, Загливери)
- Општински оддел Адам
- село Адам (Αδάμ)
- Општински оддел Кариѓол
- Општински оддел Горна Равна
- село Горна Равна (Πετροκέρασα, Петрокераса)
Општинска единица СухоУреди
Општинската единица Сухо со седиште во Сухо (Сохос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на Богданска Планина (Вертискос):
- Општински оддел Сухо
- село Сухо (Σοχός, Сохос)
- Општински оддел Граничево
- Општински оддел Јакина
- село Јакина (или Јаникија; Ασκός, Аскос)
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
- ↑ Διοικητικές μεταβολές των ΟΤΑ