Отманли Маала (грчки: Μαυρορράχη, Маврорахи, до 1927 Οτμανλή Μαχαλάδες Отманли Махаладес[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Отманли Маала
Μαυρορράχη
Отманли Маала is located in Грција
Отманли Маала
Отманли Маала
Местоположба во областа
Отманли Маала во рамките на Лагадина (општина)
Отманли Маала
Местоположба на Отманли Маала во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 23°6′E / 40.850° СГШ; 23.100° ИГД / 40.850; 23.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000652000000652 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно63
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.

Историја уреди

Во XIX век Отманли Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители Турци[3].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврорахи.[5].

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μαυρορράχη
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.