Зарово
Зарово (грчки: Νικόπολη, Никополи; до 1927 г. Ζάροβα, Зарова[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 82 жители (2021).
Зарово Νικόπολη | |
---|---|
Координати: 40°53′N 23°10′E / 40.883° СГШ; 23.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лахна |
Надм. вис. | 652 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 82 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина и на 30 килиметри северно од Солун, во западниот дел на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.
Историја
уредиВо XIX век Зарово е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Уште во 1892 година започнало големото влијание на Бугарската егзархија[3]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 212 семејства со 945 жители Македонци[4][5] Во учебните години 1881 - 1882 и 1882 - 1883, Бугарската егзархија имала учител во селото.[6]. Во 1881 година иконата на Кирил и Методиј во црквата Свети Илија во селото била направена од познатиот зограф Крсте Николов[7].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1500 жители Македонци[4][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1896 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело егзархиско училиште[4][9].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[10], опожарено и разрушено до темел. Жителите на селото започнале да бегаат кон северните делови на земјата. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се води како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 380 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Никополи.[11]
Население
уредиВо 1928 година селото броело 499 жители.[12], додека во 1940 година селото броело 674 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 576 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 592 жители, во 1971 година имало 232 жители, во 1981 година имало 196 жители, додека во 1991 година имало 277 жители[13]. Денеска, населението на селото е 315 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 674 | 576 | 592 | 232 | 196 | 277 | 315 | 134 | 82 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Зарово
- Александар Кујумџиев
- Ангел Џиков[14]
- Ангел Кирков
- Ангел Константинов (1834 - 1914)
- БлагоЈ Попгеоргиев[15]
- Георги Запранов[16]
- Георги Петров (1840 - 1912)
- Ѓорче Поп-Ангелов
- Димитар Канелов[17]
- Димитар Поп-Ангелов
- Дојчин Запрев[18]
- Захарија Шолков[19]
- Константинос Јафкас (Κωνσταντίνος Γιάφκας)ед[20]
- Константинос Маврудис (Κωνσταντίνος Μαυρουδής)[20]
- Коста Сандев (1883 - 1923)
- Лазар Илиев Гајдев[21]
- Методиј Охридски
- Методиј Черепишки
- Петар Димитров
- Порчо П. Ангелов[22]
- Тодор Попгеоргиев [15]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 7 мај 2024.
- ↑ Попстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 40.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 244.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 100.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 207.
- ↑ 15,0 15,1 Попстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 49.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 264.
- ↑ „Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 178 (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель - „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“
- ↑ Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 189 - 190.
- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.714.
- ↑ 20,0 20,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.60
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 137.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 32.