Караџаќој (Лагадинско)

Караџаќој (грчки: Καρτερές, Картерес; до 1927 г. Караџаќој[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 156 жители (2021).

Караџаќој
Καρτερές
Поглед на селото
Поглед на селото
Караџаќој is located in Грција
Караџаќој
Караџаќој
Местоположба во областа
Караџаќој во рамките на Лагадина (општина)
Караџаќој
Местоположба на Караџаќој во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°54′N 23°4′E / 40.900° СГШ; 23.067° ИГД / 40.900; 23.067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛахна
Надм. вис.&10000000000000665000000665 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно156
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри северно од градот Лагадина на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 665 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Караџаќој е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 908 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 817 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Картерес.[6]

Население

уреди

Во 1928 година селото броело 273 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 421 жител.

Селото во пописот од 1951 година броело 243 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 335 жители, во 1971 година имало 271 жител, во 1981 година имало 248 жители, додека во 1991 година имало 207 жители[8]. Денеска, населението на селото е 261 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 421 243 335 271 248 207 261 187 156
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Καρτερές
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 102.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-22.