Саријар
Саријар или Саријер (грчки: Χρυσαυγή, Хрисавги , до 1927 Σαρήγιαρ, Саријар)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Саријар Χρυσαυγή | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°45′N 23°4′E / 40.750° СГШ; 23.067° ИГДКоординати: 40°45′N 23°4′E / 40.750° СГШ; 23.067° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 126 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.018 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 126 метри.
ИсторијаУреди
Во XIX век Саријар било турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 603 жители Турци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 478 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 458 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Хрисавги.[5]
ДемографијаУреди
Во 1928 година селото броело 525 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 596 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 644 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 701 жител, во 1971 година имало 641 жител, во 1981 година имало 707 жители, додека во 1991 година имало 880 жители[7]. Денеска, населението на селото е 1018 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 596 | 644 | 701 | 641 | 707 | 880 | 1018 | / |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
ПоврзаноУреди
- Саријар (река) — истоимена рекичка во Овчеполието
НаводиУреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Χρυσαυγή
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 113.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.