Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект

(Пренасочено од Лагадински дијалект)

Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект (наречен и „Сер-Драма-Лагадин-Неврокопски дијалект“) ја опфаќа крајната југоисточна граница на македонскиот јазик. Се зборува во градовите Сер, Драма, Лагадина и Неврокоп и нивните околини. Тие се крајните македонски дијалекти кои ја опфаќаат територијата помеѓу долните текови на реките Места на исток и Струма на запад, и помеѓу денешната грчко-бугарска државна граница на север и бреговите на Егејското Море на југ. Во овие дијалекти влегуваат и дваесетина села од областа Чеч, источно од реката Места и селата западно од реката Струма во подножјето на Беласица.[1]

  Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект

Серски говори

уреди

Серскиот дијалект врз основа на главните дијалектни особености се дели на два говора: струмски и белички, наречени по реките Струма и Белица кои течат низ тие говорни подрачја.

Струмски говор:

Најважни особини на струмскиот говор од областа на фонетиката се:

  • Континуанти на ѫ без разложен назализам: вéдро, колéно, ерембúца, говéндо, чéндо...
  • Рефлекс е на носовката ѧ : говéдо, лешта, рет...
  • Малубројни и мошне ретки остатоци од назализмот.
  • Редовен континуант о од ъ во сите положби: бочва, сон, петок, сос него...                      
  • Преод на ѣ во ‘а во акцентирана положба: нив’áста, нид’ал’а..., со исклучок на некои села, каде што преоѓа во е: бел, ветер...
  • Замена на цѣ – со ца - : цал, цалина...
  • Лабијализација на е во о: ч’опка, тенжура...
  • Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ж,ч,ш, џ.
  • Чување на х во сите положби.
  • Упростување на групите стр, здр: бисра, сесра, здраф...
  • Наместо прасловенските групи *tj, *dj се јавуваат континуантите шт, жд и споредните вредности к’, г’: к’е, к’еше, к’али, мег’у...
  • Согласна промена жд > шк : вешки, сашки...        
  • Двоен акцент:  кáтерúца, учúтелкáта, натовáренúте, брáтовá му, хóди мý са, зáповéдитé му, óрехóвчене, лалýгерúцата...

Поважни морфолошки и синтаксички особини на струмскиот говор се:

  • Множинска наставка - ове кај именките од машки род: волове, денове, снопове...
  • Наставките - ена и - ета кај именките од среден род во множина: именá, кучета...
  • Членска форма - о: брегó, снегó, кон’ó...
  • Повеќе разновидности на личните заменки за прво и второ лице еднина: јас, јаска, јазе, јазека, ти, тина, тинака, тизе, тизека.
  • Паралелна употреба на личните заменки за трето лице он, она и тој // тојнака, т’а.
  • Акузативна заменска форма за машки и среден род во еднина него го // нега га.
  • Кратки акузативни заменски форми за женски род во еднина га // ја.
  • Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја.
  • Презентски форми на помошниот глагол сум: сам, си, е, сме, сте, са.
  • Честичка ке, к’е за образување идно време.
  • Отсуството на прашалната честичка ли: Го виде? Му даде?
  • Употреба на кратките заменски форми на почетокот од реченицата: Го даде на менека...

Белички говор:

Беличкиот говор го особини следните црти од областа на фонетиката:

  • Замена на ѫ во ă во акцентирана положба: вăже, гăба, мăш, и со а во неакцентирана положба: капина, патува, стаптах...
  • Континуант е на носовката ѧ : месо, чедо...
  • Мошне ретки и малубројни остатоци од назализмот.
  • Вредности ă од ъ во поголемиот дел од селата во акцентирана положба: бăчва, вăшка, дăш...
  • Замена на ѣ со ‘а во акцентирана положба: д’адо, гол’ам, м’асто, со исклучок на некои пунктови, каде што се заменува со е: река, човек...
  • Вредности ц’а- и ца- од цѣ- : ц’ал, цаде...
  • Преглас на етимолошкото ‘а со е во неколку населби: жеба, жепки, чеша...
  • Слаба редукција на неакцентираните самогласки а,о,е.
  • Лабијализација на и во у : џуберúнки, чумерúка...и на е во о: чошма, пештура...
  • Вредности рă, ăр, р’ : крăф, срăп од р’ и лă, ăл: слăнце од л.
  • Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ж,ч,ш,џ.
  • Замена на х со ф на крајот на зборот: праф, суф, рекоф...и поретко во средината на зборот: дуфна...
  • Упростување на групите стр, здр: срана, срико, здраф...
  • Рефлекси шт, жд наместо прасловенските групи *tj, *dj и спорадичните вредности к’, г’: к’е, к’ах, к’еше...
  • Согласна промена жд > шк: вешки, сашки...
  • Двоен акцент: сúпанúца, убèдовáше, правослáвиéто, нéгова сú, мáјка тú е, зáповéдите му, мóмечéтата, прикáзовáнето...

Како поважни морфолошки и синтаксички особености на беличкиот говор се:

1. Множински наставки - ена и - ета кај именките од среден род во множина: именá, телета...

2. Членска форма - о: столó, азмакó, равнáко...

3. Повеќе разновидности на личните заменки за прво и второ лице еднина: јас, јаска, јазе, јазека; ти, тина, тинака, тизе, тизека...

4. Паралелна употреба на личните заменки за трето лице: он, она и тој // тојнака, т’а...

5. Заменска форма во акузатив за машки и среден род во еднина него го // нега га...

6. Кратки акузативни заменски форми за женски род во еднина: га // ја.

7. Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја...

8. Презентски форми на помошниот глагол сум: сăм, си, е, сме, сте, сă.

9. Честичка ке, к’е за образување идно време.

10. Отсуство на прашалната честичка ли: Ти кажá? Имаш?

11. Употреба на кратките заменски форми на почетокот од реченицата: Му дадé да разберé?[2]

Драмски говори

уреди

Според главните дијалектни црти драмскиот дијалект се дели на три говори: мрвашки, зилјаховски и чечки говор.

Најважни диференцијални црти на мрвашкиот, зилјаховскиот и чечкиот говор од областа на фонетиката се:  

  • Преодот на ѫ во ă во акцентирана положба: гăба, дăп, зăп.
  • Замената на ѧ со е, којашто преовладува.
  • Мошне ретки и малубројни остатоци од назализмот: глåмба, измундри, тенгал’...
  • Преод на ъ во ă во акцентирана положба: сăн...
  • Преод на ѣ во ê најчесто во акцентирана положба пред меки слого и и пред шушкавите гласови ж, ч, ш: бêше, флêзе, мêсец, мрêж’а, но мошне често и во е: спеше, слезе...а пред тврди слогови и во ‘а: д’адо, р’ака, мл’ако...Осовено во јужните села, на чиј терен се среќава и преодот на ѣ во је во изолирана населба: дјете, рјека...
  • Замена на цѣ- со ца- : цал, цалина...
  • Преод на ы во ă, ы, во одделни пунктови : сăна ми, бåва, вåка...
  • Преглас на етимолошкото ‘а во е: ере, еребúца, еде, кýкумéфка, кошера, шемар, и во имперфективна наставка –ај: убич’еј, слуш’еј, руч’еј...
  • Редукција и на крајот од зборот на неакцентираните самогласки а > ă : кăвă, грăдă, на о > у: урало...
  • Лабијализација на о во уо, у: уоблак, уобрас, уоган, вулна, пулна, нуш...и на и во у: ж’убри, ж’уф, кол’уба...и на е во о: ч’ошма, чурêша, пенжура, прештура...
  • Рефлексите ăр, ар // рă од р: вăрх, сарце, трăн...и ăл, ал // лă од л: вăл’к, жалтица, длăк...
  • Генерализирање на мекоста кај сите согласки.
  • Отсуство на африкатите џ и ѕ.
  • Чување на х во сите положби.
  • Упростување на групите стр, здр: сесра, срана, здраф...
  • Континуанти шт, жд на прасловенските *tj, *dj.
  • Констонантска промена жд > шк : вешки, сашки.
  • Вредност цăр- наместо чрь- : цăрвéн, цăрнúца...
  • Двоен акцент: вóзглавнúца, учúтелкáта, зеленúкавóто, нéгова сú...

Од областа на морфологијата и синтаксата поважни диференцијални црти на мрвачкиот, зелјаховскиот и чечкиот говор се:

  • Множинска наставка - е кај именките од машки род: мåже, рибáре, копáче...
  • Множинска наставка - ета кај именките од среден род: вåжета, кучета, мулета...
  • Член - ă во акцентирана положба: градă, синă, нусă, и во неакцентирана положба –е по меки согласки: коне, коше, ноже...
  • Заменски форми нехи јă, нехи хи во акузатив и датив еднина за женски род и хми, односно хим // хим за сите три рода во множина.
  • Систем од три показни заменки, за машки и женски род во еднина и множина: тоа, таа, т’аа, ноа, наа, н’аа, суј, саа, сеја, коишто се јавуваат и со честичките –с, -зи: тос, този, тузи и со проширување: тузикана, нóзикáна...
  • Прашална заменка кутåр // кутри, кутрá, кутрó, кутрú.
  • Неопределена заменка боадúн, боаднá, боаднó, боаднú со отсуство повеќе фонетски варијанти.
  • Отсуство на наставката –м во прво лице еднина кај глаголите од е- и и-група: с’ака, сечéш, седе(а), седúш...
  • Наставка - м во прво лице множина кај глаголите од е- и и-група: сечéм, седúм.
  • Презентските форми на помошниот глагол сум : сăм, си, е, сме, сте, сă.
  • Честичка ша, шта (штă), односно са, ста (сă, стă) за образување идно време.
  • Употреба на помошната одречна заповедна форма: немóј (нимóј, нимó) и определена глаголска форма (нимóј берéш, немóј рукáш, нимó терáш...)
  • Наставки –штем и –шком за глаголскиот прилог: викаштéм, тăрчишкóм...
  • Употреба на кратките заменски форми пред помошниот глагол во минато неопределено време: млого гу е харéсал...
  • Употреба на придавната наставка - шти: пилешти, телешти...
  • Наставка - ова за образување итеративни глаголи: казова, видова, лекова.[2]

Лагадинско-богдански говори

уреди

Под лагадинско-богдански говори ги опфакаме говорите на осум села од кои четири се наогаат околу Лагадинското Езеро (Ајватово, Балевец или Балавча, Илинец, Киреч Ќоj или Пазваново / Паjзаново) и четири во висорамнинската област Богданско (Сухо, Висока, Зарово, Негован). Една поголема говорна целина претставуваат селата Висока, Сухо, Балевец, Илинец и Зарово, иако и меѓу нив има некои не малку значаjни разлики, додека говорот на Негован, Ајватово и Киреч Ќоj се разликува со повеќе особености и од сушко-височкиот, а има разлики и меѓу одделните села.[3]

Главни фонетски особини на сушко-височкиот говор се:                                                                                                                            

  • Многубројни континуанти на ѫ – ӑ (н), ӑ (м) // а (н), а (η), a (м): гӑска, дрӑηк // драηгó(т), мӑнч // манчó(т), дӑмп // дамбó(т), дúгнаха, бирáт и др.
  • Вторична назализација: бӑнц, лӑнџа(м), ланџúца, мӑηгла, бӑнчфа и др.
  • Бројни рефлекси: ’ä(н), // ’а(н), е(н) // и(н) од ѧ: м'äсу // масóту, хлóпучäнта, јагнанта, пила, кучанту, сӑ пусвантú, девит’, ченду // чиндá, гренда // гриндáта и др.  
  • Вредности ’ä //ą, е4 // и од ѣ: чув’äк, д’äта, лäп, вäк // вąкóт, ведру, меру, девер’ // дивирó(т), идéни итн.
  • Развој на ъ > ӑ // а во коренот на зборот: дӑш // даждó(т), дӑх // дахó(т), сӑн // санó(т) и др.,односно ъ > ó // у во наставката -ъкъ: гарнóк, пентук, дубúтук, мозук и др. и во членот -ътъ: санó(т), динó(т), свинтéцу(т) и др.
  • Премин на ьl > ӑ // а во Висока: сӑн // санó(т) < сьNъ // сьNътъ: кӑтка, сӑт, мӑшка, блӑха, снӑха, снӑхӑта и др.
  • Различни вредности за р̥ - р̥, ӑр̥, ӑр̥ӑ, ӑр̥, ӑр // ąр, рӑ // рą: бр̥на, сӑр̥на, кӑр̥ӑф, гр̥ӑп, дӑр̥ву // дрąвá, брӑшнáл итн. и за лӑл // ал, лӑ // ла: вӑлна, жалтнúкаф, слӑба, влӑк // влакó(т) итн.    
  • Групата чер- се јаува изведена од чрь-: черна, черва и др.
  • Генерализирање на мекоста кај согласките со исклучок на ч, џ, ш, ж.
  • Вредности шт, жд наместо прасловенските групи *tj, *dj: сфäшта, гаштa, раждам, рӑждаф и др.
  • Пазење на х: хитра, хладна, дадуха, имáхти, пучúвах и др.
  • Вметнување на т, д во групите ср, зр: страм, стребру, здрäл и др.
  • Редукција на неакцентираните самогласки: пундäлник, дистúна, у зуртá и др.
  • Двоен акцент: брäгувéту, кýмувéту, нóжувéту, рáбутäхми, сéстритä му и др.

Поважни црти од областа на морфологијата на сушко-височкиот говор се:

  • Множински наставки кај именките од машки род -уви во неакцентирана, односно –уве(ту) во акцентирана положба: брäгуви // брäгувéту, бутуви // бýтувéту; -офци, односно –уфци // -уфцé(ту): з’éнтуфци // з’éнтуфцéту, стрикуфци // стрúкуфцéту; // : облаци // облацéту, п’асуци // пáсуцéту; // (ту), -’а(тa): габира // гáбирéту, орах’ą // óрахéту, нофта, нофти // нуфтáтą и др.
  • Членска морфема -ó(т) // (т).
  • Множински наставки кај именките од женски род // : блӑха, јáблакӑтą и др. во Висока и -ą // -’ą // - ’ä: тą, офц’а // уфц’äтą, ноѕ’ą // нуѕ’äтą и др.    
  • Множинска наставка -’ąнта // -äнтą, -анта кај именките од среден род: јагнąнта, јáгничàнта, слáвурчäнта, мурäнта и др. 
  • Лични заменски форми за трето лице еднина и множина: тој, т’а, тузú // тус, т’ä, т’е и за прво и второ лице множина: ни, ви во Сухо, а нӑј, вӑј во Висока.
  • Акузативна заменска форма во трето лице множина т’äх ги // ха.       
  • Кратки заменски форми м’ą, т’ą.
  • Систем од две показни заменки: тос, та, тузú // тус, т’ес; нос, нас, нузú // нус, н’ес.
  • Прашална заменка то ’кој‘и кутрú, -а, -о, -е, последната употребувана и во релативна функција.
  • Спорадична употреба на наставката во прво лице еднина кај глаголите од е- и и- група: п’ера(м), ц’äп’а(м) и др.                                                                     
  • Форми од помошниот глагол сум: сам, си, йи, сни, сти, сӑ.
  • Чување на х во имперфектот и во аористот: сąд’äх, с’ąд’äши, с’ąд’äхми, с’ąд’äхти, с’ąс’äха, р’екуф, р’ечи, р’екухми, р’екухти, р’екуха и др.
  • Две имперфективни форми на помошмниот глагол: б’äх, б’äши, б’äхти, б’äха // бих, биши, бихми, бихти, биха.
  • Партикула за за образување идно време: за кажа, за с’äја...
  • Често испуштање на императивната наставка во второ лице еднина: стан’, пот’, клад’ и др.
  • Две формации на императивот со негација: ми + императив: ми вилúш; ми слушаш; и да не + императив: да ни идéш; да ни бир’éш; односно нимóј + императив: нимóј вр’äвиш...
  • Наставка -шт’ем за глаголскиот прилог: пучúвашт’éм, скáкашт’éм...
  • Глаголска придавна наставка –нт: хран’ант, умур’éнт...

Наводи

уреди
  1. Дрвошанов, Васил (2014). Македонистички студии за Егејот. Скопје: Бата прес. ISBN 978-608-4654-44-5.
  2. 2,0 2,1 Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.30-45
  3. Дијалектите на македонскиот јазик, том 2, Божидар Видоески, 1999, Скопје, стр. 84