Ардамери
Ардамери (грчки: Αρδαμέρι, Ардамери) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 175 жители (2021).
Ардамери Αρδαμέρι | |
---|---|
Координати: 40°35′N 23°11′E / 40.583° СГШ; 23.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадинско Езеро |
Надм. вис. | 249 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 175 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина во јужниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.
Историја
уредиНаселбата во средниот век го имала името Еркула (Ἕρκουλα). Се споменува во 943 година како седиште на епископија со епископ Јован.
Во XIX век Ардамери е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Грци[2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 500 Грци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 628 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 555 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
Население
уредиВо 1928 година селото броело 513 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 738 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 831 жител, во 1971 година имало 474 жители, во 1981 година имало 339 жители, додека во 1991 година имало 636 жители[6]. Денеска, населението на селото е 308 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 738 | 831 | — | 474 | 339 | 636 | 308 | 251 | 175 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 91.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.