Лагиново
Лагиново или Лајна (грчки: Λαγυνά, Лагина, до 1949 Λαϊνά, Лајна)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Лагиново Λαγυνά | |
---|---|
Координати: 40°43′N 23°0′E / 40.717° СГШ; 23.000° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 98 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 2.409 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Лагадина во Лагадинското Поле, на излезот од превојот Дервент. Селото се наоѓа на надморска височина од 98 метри.
Историја
уредиВо XIX век Лагиново е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 100 семејства со 615 жители Грци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители Грци[4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 675 Грци и работеле две грчки училишта[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Λαγυνά
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219