Лахна
Лахна или Лахана (грчки: Λαχανάς, Лаханас) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 330 жители (2021).
Лахна Λαχανάς | |
---|---|
Координати: 40°58′N 23°12′E / 40.967° СГШ; 23.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лахна |
Надм. вис. | 582 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 330 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 582 метри.
Историја
уредиВо XIX век Лахна е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 860 жители Турци[2].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 730 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 617 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Лаханас.[4]
Население
уредиВо 1928 година селото броело 608 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 950 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 2311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 978 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 625 жители, додека во 1991 година имало 646 жители[6]. Денеска, населението на селото е 542 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 950 | 2311 | 978 | 492 | 625 | 646 | 542 | 377 | 330 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Успение на пресв. Богородица“ од 1952 г.
- Воен музеј
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 107.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-22.