Берово (Лагадинско)
Берово (грчки: Βερτίσκος, Вертискос; до 1927 г. Μπέροβα, Берова[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 252 жители (2021).
Берово Μακροχώρι | |
---|---|
Координати: 40°52′N 23°13′E / 40.867° СГШ; 23.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Богданска Планина |
Надм. вис. | 749 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 252 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 749 метри.
Историја
уредиСелото е споменато за првпат во отомански документи од 1697 година како целосно христијанско село со 67 домаќинства[3].
Во XIX век Берово е грчко село во Лагадинската каза опкружено со турски, македонски и гркомански села. Црквата „Св. Ѓорѓи“ била изградена во околу 1830 година, а во неа има икони од почетокот на XVII век. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1100 жители Грци.[4].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 890 Грци, и во селото работело грчко училиште[5].
Во текот на Втората балканска војна, во селото влегле бугарски војски. На пописот од 1913 година биле евидентирани 735 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1053 жители.
Население
уредиВо 1928 година селото броело 1438 жители, додека во 1940 година селото броело 1606 жители[6].
Селото во пописот од 1951 година броело 790 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 953 жители, во 1971 година имало 308 жители, во 1981 година имало 240 жители, додека во 1991 година имало 470 жители[7]. Денеска, населението на селото е 389 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.606 | 790 | 953 | 308 | 240 | 470 | 389 | 343 | 252 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Живоносен Извор“ од XVII век
- Црква „Св. Атанасиј“ од XVIII век, прогласена за споменик на културата
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1830 г.
- Црква „Успение на пресв. Богородица“
Личности
уреди- Ангелос Георгиу ( Άγγελος Γεωργίου)[8]
- Астериос Димитриу (Αστέριος Δημητρίου)[8]
- Атанасиос Дакос (Αθανάσιος Δάκος[8]
- Георгиос Апостолу (Γεώργιος Αποστόλου)[8]
- Георгиос Даку (Γεώργιος Ντάκου)[8]
- Георгиос Папаскулаку (Γεώργιος Παπασκουλάκου)[8]
- Панајотис Теодосиу (Παναγιώτης Θεοδοσίου)[8]
- Стерјос Папагеоргиу (Στέργιος Παπαγεωργίου)[8]
- Јоанис Хаѕијанис (? - 1908)[9]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βερτίσκος
- ↑ www.ekathimerini.com. Vertisko: Thessaloniki’s greenest 'outer suburb', Jan 28, 2011
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 196-197.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 92.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 45
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 20