Драменџик
Драменџик (грчки: Δρακόντιο, Дракондио; до 1927 г. Δραμεντζίκ, Драменѕик[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Населението брои 217 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено со Турци.[3]
Драменџик Δρακόντιο | |
---|---|
Координати: 40°44.13′N 23°9.32′E / 40.73550° СГШ; 23.15533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Лагадина |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 217 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во источниот дел на Лагадинското Поле, во западното подножје на Богданска Планина и лежи на Стара Река (Στάρα ριέκα). Оддалечено е на 10 км југоисточно од Лагадина и на 4 км северно од Лагадинското Езеро.
Историја
уредиДраменџик било село во Лагадинската каза населено со Турци. Селото настрадало во Балканските војни, па затоа во 1913 г. се води како напуштена населба. Вo 1920 г. имало 21 жител, сите од машки пол, што укажува на тоа дека се работи за работници на велепоседнички имот.[3] Селото било преземено од државата и во него се доселени грчки колонисти.
Во 1928 г. селото веќе имало 133 лица (36 семејства), сите грчки дојденци.[4] Во 1940 г. населението се покачило на 301 лице, но подоцна почнало постешено да опаѓа.[3]
Населението се занимава со производство на тутун, пченица и други земјоделски култури.[3]
Културни и природни знаменитости
уредиНаселение
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 301 | 277 | 301 | 266 | 224 | 283 | — | 231 | 217 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар
|издател=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 281. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Αρχιερατική Περιφέρεια Κολχικού“. Ιερά Μητρόπολη Λαγκαδά, Λητής και Ρεντίνης. Посетено на 18 август 2016.