Трстеник (Тиквешко)
Трстеник — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Трстеник | |
Координати 41°28′29″N 21°55′08″E / 41.47472° СГШ; 21.91889° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Росоман |
Население | 209 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11042 |
Трстеник на општинската карта Атарот на Трстеник во рамките на општината | |
Трстеник на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 17 километри северозападно од Кавадарци и 7 километри јужно од Росоман.
Историја
уредиПодрачјето на Трстеник е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Макарија на 1 км југозападно од селото. Денешното село датира од средниот век судејќи по остатоците од тоа време најдени на сретселото.[2]
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза (нахија Неготино) во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трстеник живееле 140 жители, сите Македонци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало околу 248 жител, од кои 239 Македонци и 7 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 199 Македонци, 3 Срби и 7 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | — | 181 | 328 | 326 | 328 | 306 | 258 | 248 | 246 | 209 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Петар и Павле“ — селска црква. Во изградба;[11]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 716 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 171 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[2]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 161. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Ќе никне црква во селото Трстеник“. Архивирано од изворникот на 2014-05-20. Посетено на 2014-05-19.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.