Лагадина (општина)

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
(Пренасочено од Калиндија)
Општина Лагадина
Δήμος Λαγκαδά

Карта на општина Лагадина
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област: Лагадинско Поле
Население: 49.294 (2021)
Седиште: Лагадина
Нас. места: 43
Пошт. бр.: 572 00
Пов. бр.: 23940-2
Портал: lagadas.gr

Лагадина или Лагадин (грчки: Δήμος Λαγκαδά, Димос Лангада) — општина во Солунскиот округ од областа централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар на општината е градот Лагадина (Лангадас).

Населени места

уреди

Општината Лагадина е содадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на седум административни единици — општините Лагадина (Лангадас), Лахна (Лаханас), Гвоздово (Асирос), Сухо (Сохос), Калиндија, Лагадинско Езеро (Коронија), Богданска Планина (Вертискос) согласно законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Богданска Планина

уреди

Општинската единица Богданска Планина со седиште во Висока (Оса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на Богданска Планина (Вертискос):

 
Поранешната општина Богданска Планина на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Висока
  • Општински оддел Берово
  • село Берово (Βερτίσκος, Вертискос)
  • село Хоруд (Χωρούδα, Хоруда)
  • Општински оддел Кара Омерли
  • Општински оддел Хаџи Маала

На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Хламур (Фламури), кое е целосно иселено во 1961 г.[2]

Општинска единица Гвоздово

уреди

Општинската единица Гвоздово со седиште во Гвоздово (Асирос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел на Лагадинското Поле:

 
Поранешната општина Гвоздово на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Гвоздово (2.481)
  • село Гвоздово (или Ѓувезна; Άσσηρος, Асирос)
  • село Ексамили (Εξαμίλι, Ексамили) новосоздадено
  • Општински оддел Ново Село

На територијата на општинската единица се наоѓало и историското село Гнојна (Παλαιοχώρα, Палеохора).

Општинска единица Лагадина

уреди

Општинската единица Лагадина ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во Лагадинското Поле:

  • Општински оддел Лагадина
  • град Лагадина (или Лагадин; Λαγκαδάς, Лангадас)
  • Општински оддел Корфалу
  • село Корфалу (или Куровали; Ανάληψη, Аналипси)
  • Општински оддел Ракли
  • село Ракли (или Аракли, Ηράκλειο, Ираклио)
 
Поранешната општина Лагадина на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Баловец
  • село Балевец (Баловец или Балавча; Κολχικό, Колхико)
  • село Драменџик (Δρακόντιο, Дракондио)
  • Општински оддел Каваларци
  • Општински оддел Лагиново
  • Општински оддел Сирачево
  • село Сирачево (или Сарачи, Περιβολάκι, Периволаки)
  • Општински оддел Саријар
  • село Саријар (Саријер или Сариер; Χρυσαυγή, Хрисавги)

Општинска единица Лагадинско Езеро

уреди

Општинската единица Лагадинско Езеро со седиште во Геракари ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик, по јужниот брег на Лагадинското Езеро (Коронија):

 
Поранешната општина Лагадинско Езеро на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Геракари
  • Општински оддел Свети Васил
  • село Свети Васил (или Ајавасил; Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос)
  • Општински оддел Ардамери
  • Општински оддел Левен
  • село Левен (Βασιλούδι, Василуди)
  • Општински оддел Љангавич

Општинска единица Лахна

уреди

Општинската единица Лахна со седиште во Негован ги опфаќа следние општински оддели и населени места во северниот дел на Богданска Планина (Вертискос):

 
Поранешната општина Лагадина на картата на некоашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Негован
  • Општински оддел Зарово
  • Општински оддел Караџаќој
  • Општински оддел Клепе
  • село Клепе (Λευκοχώρι, Левкохори)
  • Општински оддел Лахна

Општинска единица Калиндија

уреди

Општинската единица Калиндија со седише во Загливер ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик:

 
Поранешната општина Калиндија на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Загливер
  • Општински оддел Адам
  • Општински оддел Кариѓол
  • село Кариѓол (Καλαμωτό, Каламото)
  • село Гирево, Кирен или Гирен (Μεσόκωμο, Месокомо)
  • Општински оддел Равна
  • село Равна (или Горна Равна; Πετροκέρασα, Петрокераса)
  • Општински оддел Саракина

Општинска единица Сухо

уреди

Општинската единица Сухо со седиште во Сухо (Сохос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на Богданска Планина (Вертискос):

 
Поранешната општина Сухо на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Сухо
  • село Сухо (Σοχός, Сохос)
  • Општински оддел Граничево
  • село Граничево (Гранич или Гирмич; Κρυονέρι, Крионери)
  • село Авги (Αυγή) новосоздадено
  • Општински оддел Јакина
  • село Јакина (или Јаникија; Ασκός, Аскос)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
  2. Διοικητικές μεταβολές των ΟΤΑ