Институт за лечење и рехабилитација „Нишка бања“

здравствена установа во Ниш, Србија

Институтот за лечење и рехабилитација „Нишка Бања“, Ниш е здравствена, научно-наставна и истражувачка установа Медицински факултет универзитет во Ниш, која се занимава со лечење и рехабилитација на пациенти заболени од кардиоваскуларни и ревматски болести, со седиште во банско-климатско лекувалиште Нишка Бања оддалечено 10 км од Ниш.

Назив
Институт за лечење и рехабилитацију „Нишка Бања“, Ниш.
250п
Основан
1979
Земља
30п|ФНРЈ/СФРЈ 30п|СРЈ/СЦГ 30п|Србија
Директор
Проф. др Марина Дељанин Илић
Седиште
Нишка Бања (Србија)
Адреса
Српских Јунака 2, 18.205 Нишка Бања
Мрежно место
http://www.radonnb.co.rs
Положај
43°17'35" N, 22°0'23" E,
над. висина: 248 m

Име на Институтот

уреди

Банското и климатското лекувалиште „Нишка бања“, Природното лекувалиште „Нишка бања“, Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на ревматски и срцеви заболени, Институтот „Нишка Бања“, Институтот за превенција, лекување и рехабилитација на ревматски и кардиоваскуларни болести „Нишка Бања“, Институтот за лекување и рехабилитација „Нишка Бања“, Ниш.

Званичниот назив на здравствената установе е Институт за лекување и рехабилитација „Нишка Бања“, Ниш.

Историјат

уреди

Нишка Бања е природно лекувалиште , познато уште од времето на Римското Царство, заради;

  • Карактеристичната умерено континентална клима; која во медицинска смисла спаѓа во категорија на мирна клима погодна за лекување, одмор и рекреација.
  • Лековитите термоминерални води специфично слабо минерализираниот радон, земноалкалната, температура од 36 °C до 38 °C, од изворите „Главно врело“, „Сува Бања“, „Школска чесма“, „Бањица“ и „Пасјача“.
  • Природниот минерален пелоид (кал).

Топлата вода во Нишка Бања, први ја користеле римјаните во почетокот на 4. век, кога во нејзините благодети уживал римскиот цар Константин Велики, основополжник на Константинопол и зачетник на христијанството на овие простори. Римјаните со специјално излиени оловни цевки спроведувале топла вода од Нишка Бања до царевата резиденција Медијана, оддалечена околу 5 км од бањата кон Ниш.

Бројните членови на српска династија уживале во благодетите од Нишката Бања почнувајќи од Стефан Немања, големиот српски жупан и родоначелник на династијата Немањиќ, кој во Ниш го дочекал ,во јули 1189. царот Фридрих Барбаросо и „тешко е за верување дека Стефан Немања својот славен гостин не го повел до топлите извори на блиската бања, да се окрепи после долгиот пат“.

Под османлијската власт, Нишкиот округ бил силно врзан за династијата Обреновиќ, која во 1878. го ослободила Нишкиот округ од Турците и го припојила кон Србија, така да од тоа време „стариот господар“ -Милан Обреновиќ и „младиот крал“ Александар Обреновиќ (така ги нарекувале во народ), често ја посетувале Нишката Бања. Кон крајот на дваесеттите и почетокот на триесеттите годин, кралот Александар втори Караѓорѓевиќ бил редовен гостин на Нишката Бања и за време на престојот во неа одседнал во вилата „Јела“.

Нишка бања била омилено место на три крала и две српски династии. Во чест на владетелите кои со своето присуство и кралевскиото достоинство на Нишката Бања и дале дух и елитизам, благодарните мештани во централниот парк подигнале спомен-чесма и ја нарекле „Три крала“.


Тридесетите години од 20. век, започнува ново доба во развојот на Нишката Бања и банскиот туризам во неа. Во тие години таа станува познато банско-климатско лекувалиште во Кралевина Југославија, со сите одлики на тогашните европски бањи. И додека Србија сè уште се опоравува од војните, тогашните кралеви и богати луѓе во Нишката Бања додонесуваат сјај, луксуз и европски начин на живот. Наглиот развој на Нишката Бања, како банско лечилиште, почнува од 1923. кога грижата за бањата ја презема државата. Министерството за здравје Кралевина Југославија 1926. Срескиот санитарен референт др Ѓоко Михајловиќ,го именува за прв бански лекар. Како др Михајловиќ би го усовршил знаењето од балнео-физикалната медицина и лекување на внатрешните болести (со примена на банских фактори), Управата на Нишка Бања 1928.го упатува на медицинско усовршување (специјализација) во Чехословачка. Набрзо богатите трговци и првите српски индустријалци подигнуваат раскошни вили околу „на широкто плато под Коритњак, најпрвин подигнатото монументално здание на бања, од кое и денес се шират опуштачки мириси на топла вода и пелоид. Два хотели и училиште, уредениот парк пред бањата, а од 1932. трамвајската врска со Ниш, потполно го измениле изгледот на до тогаш малата туристичка населба во Србија. Кон средината на 1935. саградено е нова бања (денес познато како „Старо купатило“) кое значително ги зголемило банските капацитети за лекување на гостите. Така од 1935. до 1940., во Нишката Бања се лекувало годишно повеќе од 5.000 пациенти, а 1938., која била рекордна и 6.265. Во почетокот на Втората светска војна Нишката Бања располагала со 510 легла во хотелите и вилите и 530 легла во приватниот смештај, „кои ги опслужувале еден постојан и четири сезонски лекари“..

По завршетокот на Втората светска војна банското лечилиште располагало со четири хотели и две вили, во кои било 570 легла и 800 легла во приватното сместување, што заради се поголем број пациенти станувало недоволно.

Од 1954. до 1956. во Нишката бања просечно, годишно престојувале 17.088 пацијенти, што Нишката Бања по број на посетители во тогашната ФНР Југославији ја сврстувало на второ место веднаш зад Врњачка Бања. Во текот на 1963. Нишката Бања добива статус на бања, а во јануари 1966. »Банско и климатско лекувалиште „Нишка бања“«, преименувано е во »Природно лекувалиште „Нишка бања“«, со основна намена да лекува и рехабилитира ревматски и срцеви заболувања. За прв директор е именуван др Драгослав Коковиќ.

Во декември 1966. лекувалиштето во Нишка Бања добива ново име »Завод за превенција, лекување и рехабилитација на ревматски и срцеви заболени«, а на должност за директор е поставен проф. др Димитрије Михајловиќ.

Со сместувањето на поголемиот дел на Заводот во новоизградениот современо опремен стационар „Радон“ 1975., почнува нов период во неговата работа. Следува изградба на нов објект 1981., стационар „Терме“, и доградба на уште еден спрат на објектот на стационарот „Радон“ 1996., така да вкупниот капацитет на легла во Заводот бил 560.

Заводот прераснува во »Институт за превенција, лекување и рехабилитација на ревматски и кардиоваскуларни заболени« 1979., а заради значајот за здравството на Србија, 1993. владата на Република Србија станува основач на Институтот. Во декември 2006., отворен е реновиран хидро блок во стационарот „Зеленгора“, со нов базен и подвижно дно, што го олеснило користењето на термоминералната вода кај тешко покретните болни.

Во април 2007., во стационарот „Радон“, отворен е велнес центарот „Сенсе“ со сите потребни содржини по пример на модерните европски центри, што уште повеќе ја осовременило и заокружило понудата на Институтот „Нишка Бања“.

Сместувачки капацитети

уреди

Вкупниот сместувачки капацитет на Институтот е 560 легла, размештени во еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби и апартмани во три стационари: „Радон“, „Зеленгора“ и „Терме“. Секој од стационарите, кои сочинуваат засебна целина, покрај сместувачкоит дел, располага и со терапијски блок (хидро, кинези, електро и пелоид) и поголем број на сали за угостителски услуги, групна и поединечна рекреација, забава и конгресен туризам. Најголем објект на Институтот е стационарот „Радон“ со капацитет од 300 легла, во еднокреветни и двокреветни соби и апртмани. Во негов состав е и амфитетар со 300, пленум сала со 60 и ресторан со 300 места, базен со термоминерална вода, велнес центар и паркинг. Стационарот „Зеленгора“ располага со 160 легла во еднокреветни и двокреветни соби. Во состав на објектот е и ресторан, кафе ресторан, летна бавча, базен со термоминерална вода.

Активности

уреди

Институтот за лекување и рехабилитација „Нишка Бања“, Ниш е современа здравствена и научно-истражувачка установа од областа на ревматологија и кардиологија, специјализирана рехабилитација, физикална медицина и ортопедија.

Институтот ја има најсовремената опрема за неинвазивна дијагностика, лекување и рехабилитација на ревматски и кардиоваскуларни заболени, а и современа опрема за оперативно лекување во доменот на ортопедска хирургија. Постоечките природни фактори (климата, радиоактивната вода, пелоидот и гасот) му даваат на Институтот посебна одлика.

Здравствената активност во Институтот се одвива преку болнички одделениа: ревматолошко, кардиолошко, општа рехабилитација, ортопедско, одделение за специјализирана рехабилитација и амбулантно-поликлинички служби.

Стационарот „Терме“ се состои се од три вили меѓусебно поврзани со топла врска, со капацитет 100 легла во еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби и апартмани. Во состав на стационарот е и ресторан, кафе ресторан, летна бавча и базен со термоминерална вода.

Превенција и лекување

уреди

Основната активност на Институтот е превенција, лекување и рехабилитација на ревматски и кардиоваскуларних заболувања во кои спаѓаат:

  • Болести на локомоторниот апарат (воспалителен ревматизам, системски болести на сврзното ткиво, дегенеративен ревматизам, вонзглобен ревматизам, метаболички ревматизам - остеопороза)
  • Кардиоваскуларните болести (коронарната болест, артеријската хипертензија, срцевите мани, болестите на периферните крвни садови)
  • Состојби после хируршка реваскуларизација на миокардот како и состојби после операции на отворено срце
  • Рехабилитација на болни после вградување на ендопротези на кук или колено
  • Посттрауматски состојби
  • Состојби после оштетување на централниот и периферниот моторен неврон
  • Воспалителен и функционален стерилитет

Наставна активност и научноистражувачка работа

уреди

Со основањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш, Институтот добива посебно значење како образовна институција за школување на доктори и медицински сестри во областа на кардиологија, интерна медицина, ревматологија, ортопедија и физијатрија. Повеќе од 50 доктори од овој институт активно се занимаваат со научноистражувачка работа пред сè од областна на ревматологија,кардиологија, балнеотерапија итн., за што говорат бројните стручни трудови, докторски и магистерски дисертации.

Велнес

уреди

Велнес центарот во својот простор ги нуди следните содржини: џакузи базен, сауна, вибросауна (сауна во облик на капсула која може да ја користити само еден корисник), целутрон (апарат кој врши електро-стимулација на опуштените мускули) итд.

Организација

уреди

Клиники и служби

уреди

Клиника за ревматологија

уреди

Клиниката за ревматологија е основана 1982 и својата работа ја остварува низ :

  • Одсекот за специјалистичко консултативни прегледи
  • Одсекот за полуинтезивно лекување и нега
  • Одсекот за дијагностика:
  • Кабинетот за дензитометрија
  • Кабинетот за ултразвучна дијагностика
  • Кабинетот за капилароскопија
  • Кабинетот за дијагностичка и терапијска пункција на зглобови и контрола на болести МТ
  • Кабинетот за МРА на периферните зглобови и РО дијагностика

Клиника за кардиоваскуларни болести

уреди

Клиниката за кардиоваскуларни болести е формирана 1995. и има кадровски и материјални можности за комплетна неинвазивна дијагностика на кардиоваскуларните заболени. Оваа клиника ја организира својата работа низ;

  • Одсекот за згрижување на ургентни состојби
  • Одсекот за специјалистичко консултативни прегледи
  • Одсекот за кардиоваскуларна дијагностика
  • Одсекот за интензивно лекување и нега - коронарна единица
  • Одсекот за полуинтезивно лекување и нега
  • Одсекот за стандардно лекување
  • Кабинетот за артеријска хипертензија
  • Кабинет за липиди

Наведените одсеци и кабинети пружаат можност да во Институтот во еден ден се обават,да се процени функцијата на кардиоваскуларниот систем, определи адекватна терапија и да се обезбеди периодично следење на состојбата на кардиоваскуларниот систем и на тај начин да се намали потребата за престој на срцевите заболени во болница заради дијагностика и лекување.

Служба за ортопедијa

уреди

Службатa за ортопедијa e основана 1971. и во неа хируршки се лекуваат вродените и стечените деформитети на коскено-зглобниот систем. Во рамки на оваа служба работат;

  • Одсек за специјалистичко консултативнити прегледи
  • Одсек за интензивно лекување и нега
  • Одсек за стандардно лекување
  • Оперативен одсек
  • Кабинет за минимално инвазивна хирургија
  • Кабинет за терапија на болка

Посебно внимание хирурзите на оваа служба му придаваат на лекувањето на ревматизмот и спортските повредами.Единицата за терапија на болка, која се занимава со лекување на средно силна акутна и хронична доброќудна болка, во својата работа комбинира медикаментозна терапија и локална и спроводна анестезија со балнео-физикални процедури.

Клиника за рехабилитација

уреди

Низ Одделението за специјализирана рехабилитација на ревматички и кардиоваскуларни заболени проаѓа најголем број на пациенти од Институтот (со коронарна болест, после хируршки интервенции на срце, со артеријска хипертензија, болести на периферни крвни садови).Со рехабилитацијата се обфатени и заболени од воспалителни, аутоимуни, метаболички, дегенеративни и ревматски болести.

Специјализираната рехабилитација на кардиоваскуларните и ревматските заболени во Институтот се одвива, по истите принципи, во следните одделенија за специјализирана рехабилитација која се наоѓа во стационарте „Радон“ и „Терме“:

  • Одсек за специјалистичко консултативни прегледи
  • Одделение „А“ за специјализирана рехабилитација на кардиоваскуларните заболени
  • Одделение „Б“ за специјализирана рехабилитација на кардиоваскуларните заболени
  • Одделение „Ц“ за специјализирана рехабилитација на кардиоваскуларните заболени
  • Одделение „Д“ за специјализирана рехабилитација на кардиоваскуларните заболени
  • Одделение „Е“ за рехабилитација на невролошки, трауматолошки, ревматолошки пациенти и постоперативни состојби

Посебно внимание на ова одделение се обрнува со примена на дозиран, контролиран физички тренинг во лекувањето и рехабилитацијата на срцевите болни . Терапијата се комбинира со истовремена примена на природните балнеолошки фактори на Нишката Бања со современа терапија на лекови. Во рамки на клиниката постои и Кабинет за дијететика.

Заеднички служби

уреди
  • Информациски технологии
  • Одделение за правни кадровски и општи работи
  • Одделение за финансијски работи
  • Одделение за комерцијални работи
  • Служба за технички и други сличн работи:
  • Одделение за исхрана и угостителство
  • Одделение за инвестиционо-техничко одржување на објекти и опрема

Кадровска структура

уреди

Капацитите во стационарниот, амбулантнополиклиничкиот дел од Институтот и кабинетите ги опслужуваат;

  • Вкупно: 432 работници (258 медицински и 174 немедицински).
  • Со висока школска спрема се 78 работници: 65 медицински и 13 немедицински работници.
  • Од вкупниот број на медицински работници 15 се доктори на медицински науки, или предавачи во настава (професори, доценти и асистенти), 50 лекари специјалисти (интерна медицина, ортопедија и физикална медицина) од који се 6 магистри и 9 примариуси, лекари од општа медицина или на специјализација 8.
  • Структурата на немедицинските работници е: 4 економисти, 4 правници, 1 професор по англиски јазик, 1 социолог, 2 електро-инженери и 1 машински инженер.

Наводи

уреди