Изборна единица 5

изборна единица во Македонија

Изборната единица 5 е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од југозападна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија.

ОпштиниУреди

Изборната единица 5 опфаќа територија на 14 општини:[1]

  1. Општина Битола (поголемиот дел)
  2. Општина Охрид
  3. Општина Струга
  4. Општина Кичево (дел)
  5. Општина Ресен
  6. Општина Демир Хисар
  7. Општина Крушево
  8. Општина Долнени
  9. Општина Вевчани
  10. Општина Пласница
  11. Општина Дебар
  12. Општина Маврово и Ростуше
  13. Општина Дебрца
  14. Општина Кривогаштани (дел)
  15. Општина Центар Жупа

Пред припојувањето на општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј кон Општина Кичево во 2013 година, од денешната Општина Кичево во Изборната единица 5 беа вклучени општините Кичево, Другово и Вранештица.[2]

Вкупен број на гласачиУреди

  • 2002: 272.842
  • 2006: 284.894
  • 2008: 290.101
  • 2011: 303.686
  • 2014: 286.435

НаводиУреди

ПоврзаноУреди