Св. Никола (Зрзе)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Св. Никола“
| |
Местоположба | 41°31′0″N 21°21′9″E / 41.51667° СГШ; 21.35250° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Зрзе |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Св. Никола — археолошко наоѓалиште во прилепското село Зрзе. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во ѕидовите на црквата „Св. Никола“, каде се вѕидани надгробна стела од бел мермер, релјефно обработена, и горен дел од мермерна плоча со претстава на човечка глава и дел од човечко торзо. Надгробната стела има калкан и четвртесто поле. Во калканот се претставени две фигури што стојат и меѓу нив сад, а во четвртестото поле шест фигури исто така простум. Под нив има два коњаника свртени еден кон друг. На плочата се гледаат и траги од старогрчки натпис.[1]
Поврзано
уреди- Кале — базилика од старохристијанско време;[1]
- Стари Гробишта — сакрален објект од римско време;[1]
- Долна Црква — осамен наод од римско време;[1]
- Св. Петка — црква од непознат период;[2]
- Св. Архангел — црква од непознат период;[2]
- Св. Филип — црква од непознат период;[2]
- Св. Атанас — црква од непознат период;[2]
- Св. Врачи — црква од непознат период;[2]
- Волкашинска Кула — тврдина од непознат период;[2]
- Зрзе;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |