Епир (римска провинција)
Провинцијата Епир (латински: Provincia Epiri, старогрчки: Ἐπαρχία Ἠπείρου) ― провинција на Римската Империја, која го опфаќала регионот на антички Епир. Рим првпат го припоил регионот во 167 п.н.е., како последица на Третата македонска војна, и првично го ставил регионот во поголемата римска провинција Македонија, која во тоа време го опфаќала целиот хеленистички свет во континентална Европа. Во 27 п.н.е., Епир и Ахаја биле одвоени од Македонија и групирани во сенаторската провинција Ахаја, со исклучок на нејзиниот најсеверен дел, кој останал дел од провинцијата Македонија.[1] Под императорот Трајан, некаде помеѓу 103 и 114 н.е., Епир станал посебна провинција, под прокураторот август. Новата провинција се протегала од Авлонскиот Залив (кај Валона) и Акрокераунските Планини на север до долниот тек на реката Ахелој на југ и ги опфаќала севернојонските острови Крф, Лефкада, Итака, Кефалонија и Закинтос.[1]
Provincia Epiri Ἐπαρχία Ἠπείρου | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Провинцијата Епир во рамките на Римската Империја, ок. 125 г.н.е. | |||||
Главен град | Никопол | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Основана | 100ти или 110ти н.е. | |||
- | Балканот нападнат од Словените | 7 век | |||
Денес во | Грција Албанија |
Историја
уредиРим одржувал воено присуство во Епир уште од Првата македонско-римска војна, кога го користел Епир како влезна точка за римските трупи во Грција. Рим ќе продолжи да го користи Епир како порта за своите трупи во Втората и Третата македонско-римска војна. За време на третата војна, дотогашниот неутрален Епирски сојуз се распаднал, при што Молосите застанале на страната на Македонците, а Хаонците и Теспротите ги поддржувале Римјаните.[2] Војната завршила катастрофално за Епир - 150.000 Молоси биле поробени, а регионот паднал во рацете на Рим.
Статусот на регионот помеѓу 167 и 146 п.н.е е нејасен, но во 146 п.н.е., тој бил групиран во поголемата римска провинција Македонија . За време Каесаровата граѓанска војна, Јулиј Каесар го користел Бутротон како поморска база, а подоцна подготвил планови за колонија таму за своите ветерани од граѓанската војна непосредно пред неговата смрт. Август подоцна ги презел овие планови и го направил градот колонија за своите ветерани, по неговата победа над Марк Антониј во последната римска граѓанска војна.[3] Новите жители го прошириле градот и изградбата вклучувала аквадукт, римска бања, куќи, форумски комплекс и нимфеј. Во овој период, големината на градот била двојно зголемена.[4] До постојните биле изградени голем број нови градби, особено околу театарот и храмот на Асклепиј.[5]
Август, исто така, ги одвоил Епир и Ахаја од Македонија во 27 п.н.е., но таа останала дел од провинцијата Ахаја донекаде помеѓу 104 и 117 г. н.е., кога Трајан ја направил самостојна провинција.[1]
Стар Епир и Нов Епир
уредиНекаде за време на провинциската реорганизација од Диоклецијан (вл. 284–305), западниот дел од провинцијата Македонија долж брегот на Јадранот бил поделен на провинцијата Нов Епир (латински: Epirus Nova). Иако оваа територија традиционално не била дел од самиот Епир, како што е дефинирано од античките географи, и била историски населена претежно со илирски племиња, името го одразува фактот дека под римско владеење, областа била предмет на зголемена хеленизација и населување од страна на епирските племиња од југот.[1] Остатокот од Епир сега станал Стар Епир (старогрчки: Παλαιὰ Ἤπειρος, или латински: Epirus Vetus).
Доцна антика
уредиДвете епирски провинции станале дел од Диецезата Мизија, сè додека не била поделена во околу 369 година, во диецезите Македонија и Дакија, кога станале дел од претходно споменатата.[6] Во 4 век, Епир сè уште бил упориште на паганството и бил помогнат од императорот Јулијан (вл. 361–363) и неговиот преторијански префект Клавдиј Мамертин преку намалување на даноците и обнова на главниот град на провинцијата, Никопол.[7] Според Јорданес, Визиготите извршиле пљачка во областа во 380 година.[7] Со повторната административна поделба на Империјата по смртта на Теодосиј I во 395 година, Епир потпаднал под источната половина на Империјата.[7] Во 395–397 година, Визиготите под Аларих ја ограбиле Балканот и конкретно Грција. Тие останале во Епир, за неколку години, до 401, и повторно во 406-407, за време на Алариковиот сојуз со западноримскиот генерал Стилихон со цел да го истискаат Источен Илирик од административниот источен дел на Империјата.[7]
Од 467 година наваму, Јонските Острови и бреговите на Епир станале предмет на напади на Вандалите, кои ги зазеле северноафриканските провинции и основале сопствено кралство, Вандалското Кралството, со средиште во Картагина. Вандалите го зазеле Никопол во 474 година како договор за пазарење во нивните преговори со императорот Зенон и го ограбиле Закинтос, убивајќи многу од неговите жители и заробувајќи многу други и одведувајќи ги во ропство.[8] Нов Епир станал бојно поле за време на борбите за моќ на Остроготите по 479 година, во кои биле вклучени Римјаните.[8] Готски обид да се заземе Дирахиум бил одбиен од римските сили во овој период.[9]
Во 517, гетски или антски упад навлегол во Грција, вклучувајќи го и Стар Епир.[8] Прокопиј Кесариски во својата „Тајна историја“ тврди дека за време на Јустинијан I (вл. 527–565), целата балканска провинција била напаѓана од варвари секоја година. Сепак, ова се смета за реторичка хипербола од современите научници, бидејќи е документиран само еден словенски напад во околината на Дирахиум, во 548/9 година.[8] Прокопиј понатаму известува дека во 551 година, остроготскиот крал Тотила ја испратил својата флота да ги нападне бреговите на Епир, во обид да ги запре линиите на комуникација на римската држава со Италија за време на Готската војна, во која Римјаните се обидувале да го припојат нивното кралство.[10] Како одговор на овие напади и за да ја поправи штетата направена од двата разурнувачки земјотреси во 522 година, Јустинијан иницирал широка програма за преизградба и преутврдување: Адријанопол бил повторно изграден, иако во намален обем, и преименуван во Јустинијанопол, додека Евроја била поместена понатаму во внатрешноста - ова традиционално се идентификува со основањето на Јанина. Прокопиј, исто така, тврди дека не помалку од 36 помали тврдини во Стар Епир - повеќето од нив денес не се препознатливи - или биле обновени или изградени одново.[10]
Загуба и повторно освојување
уредиКон крајот на 6 век, голем дел од Грција, вклучувајќи го и Епир, паднал под контрола на Аварите и нивните словенски сојузници. Ова е објавено од „Монемвазискиот летопис“ во 587 година, и дополнително е потврдено со докази дека неколку столици биле напуштени од нивните епископи до 591 година. Така во ок. 590 епископот, свештенството и народот на Евроја го напуштиле својот град, носејќи ги со себе моштите на нивниот светец-заштитник, Св. Донат, во Касиопа на Крф.[11]
Се чини дека обновувањето на римската власт започнало од островите, главно Кефалонија, која секако била под цврста императорска контрола во ок. 702, кога Филипик Вардан бил протеран таму. Постепеното обновување на императорското владеење се докажува понатаму од учеството на месните епископи на соборите во Константинопол: додека само епископот на Дирахиум учествувал на Вселенските собори од 680/1 и 692 година, еден век подоцна епископите на Дирахиум, Никопол, Крф, Кефалонија и Закинтос биле потврдени на Вториот никејски собор во 787 година.[12]
Приближно во средината на VIII век била воспоставена темата Кефалонија; ова, заедно со темата Никопол, која била основана во 9 век, го опфаќала поранешниот регион на Стар Епир. Темата Дирахиум, основана во 9 век, го опфаќала некогашниот Нов Епир, а римското владеење во Епир во раниот среден век ќе продолжи низ овие нови покраини.[13][14][15][16]
Економија
уредиПровинцијата, особено северните градови, имаа голема корист од изградбата на Виа Егнација на север.[17] Поради традиционално добро познат добиток и неговата близина до италијанскиот полуостров, Епир станал главен извозник на стока и луксузни стоки како коњи за трка во Италија, каде што вторите биле во голема побарувачка за познатите трки со двоколки во Рим.[18]
Епир, исто така, имал значителни населенија на италијански доселеници со големи имоти, привлечени од потенцијалот за овчарско земјоделство. Можно е овие доселеници да имале значително влијание врз демографијата и трговијата на провинцијата.[19]
Градови и населби
уреди„Синекдемот“ на Хиерокле, составен во околу. 527/8 н.е., но веројатно како одраз на ситуацијата во првата половина на 5 век, известуваат единаесет градови за Стар Епир:
- Никопол, главен град
- Додона
- Евроја
- Адријанопол
- Апон
- Феника
- Анхијазмос
- Бутротум
- Фотика
- Крф
- Итака.
Нов Епир, со главен град Дирахиум, содржел девет градови.[20]
Галерија
уреди-
Римски амфитеатар во Бутринт
-
Римски амфитеатар на Дирахиум
-
Ранохристијанска базилика, Бутринт
-
Римски нимфеј, Никопол
-
Бастион на драчкиот замок, изграден од императорот Анастасиј I
-
Мозаик од римската вила на Маниј Антонин, Никопол
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Soustal & Koder 1981, стр. 47.
- ↑ „Epirus“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. Посетено на 1 февруари 2022.
- ↑ Walker & Wilkes 2010.
- ↑ Hodges, Richard; Bowden, William; Lako, Kosta; Andrews, Richard (2004). Byzantine Butrint: excavations and surveys 1994–1999. Oxbow Books. стр. 54. ISBN 978-1-84217-158-5. Посетено на 1 февруари 2022.
- ↑ Cabanes, P. (1997). „From Alexander Molossus to Pyrrhus: Political Developments“. Epirus, 4000 Years of Greek History and Civilization. Ekdotikē Athēnōn: 126. ISBN 9789602133712.
"At Bouthrotos, it is enough to compare the theatre, built of grey poros, with all the Roman structures surrounding it: the skene and the neighbouring buildings, the new sanctuary of Asklepios and the areas next to it
- ↑ Soustal & Koder 1981, стр. 47–48.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Soustal & Koder 1981, стр. 48.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Soustal & Koder 1981, стр. 49.
- ↑ Wolfram 1988, стр. 271–274.
- ↑ 10,0 10,1 Soustal & Koder 1981, стр. 50.
- ↑ Soustal & Koder 1981, стр. 51.
- ↑ Soustal & Koder 1981, стр. 52.
- ↑ Soustal & Koder 1981, стр. 53.
- ↑ Nesbitt & Oikonomides 1991, стр. 40 .
- ↑ ODB, "Dyrrachion", (T. E. Gregory), p. 668.
- ↑ Pertusi 1952, стр. 177.
- ↑ Walker & Wilkes 2010, стр. 204.
- ↑ Eberle & le Quéré 2017, стр. 41.
- ↑ Eberle & le Quéré 2017, стр. 40-42.
- ↑ Soustal & Koder 1981, стр. 48–49.
Извори
уреди- Soustal, Peter; Koder, Johannes (1981). Tabula Imperii Byzantini, Band 3: Nikopolis und Kephallēnia (германски). Виена: Австриска академија на науките. ISBN 978-3-7001-0399-8.
- Eberle, Lisa Pilar; le Quéré, Enora (2017). „Landed Traders, Trading Agriculturalists? Land in the Economy of the Italian Diaspora in the Greek East“. Journal of Roman Studies: 107, 27–59. JSTOR 26576044.
- Walker, Susan; Wilkes, John (2010). „Becoming Roman and staying Greek in the Southern Adriatic“. Bulletin of the Institute of Classical Studies: 197–212. JSTOR 44214907.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.
- Nesbitt, John W.; Oikonomides, Nicolas, уред. (1991). Catalogue of Byzantine Seals at Dumbarton Oaks and in the Fogg Museum of Art, Volume 1: Italy, North of the Balkans, North of the Black Sea. Washington, DC: Dumbarton Oaks Research Library and Collection. ISBN 0-88402-194-7.
- Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus (италијански). Rome: Biblioteca Apostolica Vaticana.
- Wolfram, Herwig (1988). History of the Goths. Berkeley and Los Angeles: University of California Press. ISBN 978-0-52006-983-1.