Драч

(Пренасочено од Дирахиум)
Ова е објавената верзија, проверена на 3 јули 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Драч (албански: Durrës, италијански: Durazzo; некогаш: Дрча) — приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

Драч
Durrës
Црква во Драч
Црква во Драч
Црква во Драч
Mестоположба
Општи податоци
Име
- изворно
Драч
  Durrës
Портал http://www.durres.gov.al/
Управа
Земја  Албанија
Градоначалник Ванѓуш Дако (Партија на социјалистите)
Географија
Население
Драч

Историја

уреди
 
Амфитеатарот во Драч бил изграден во 2 век.

Драч бил основан под името Епидамнос, од страна на грчките колонисти од Коринт и Крф во 627 година п.н.е. Од 229 г. п.н.е. потпаднал под власт на Римјаните кои му го дале името Диракиум (Dyrrhachium) и изградиле пат до Солун (Вија Егнација), кој подоцна бил продолжен до Цариград.

Градот под римска управа напредувал како значаен трговски пристаништен центар. Околу 430 г. тука е роден царот Анастасиј I. За време на преселбата на народите бил изложен на упади од страна на варварите, но сепак останал под управа на Византија.

Предлошка:Драч