Трки со двоколки

Стар Македонски, Римски и Византиски спорт

Трките со двоколки (грчки: ἁρματοδρομία/armatodromia, латински: ludi circenses), бил еден од најпопуларните спортови во Стара Грција, Античка Македонија, Стариот Рим, и во Византија. Трките биле опасни и за возачите и за коњите, и често завршувале со смрт, но предизвикувале воодушевување кај публиката поради својата драматичност.

Современa реизведба на трка со двоколки
Циркус Максимус во Рим можел да прими околу 270.000 гледачи на трките

Во римската верзија на трките, тимовите претставувале различни групи на финансиски поддржувачи, кои честопати се натпреварувале за најдобрите возачи. Поради тоа се создавале фракции кои со време почнале да добиваат и политички, социјални или религиозни примеси. Ова особено било случај во Византија, кајшто од првобитните фракции на Зелени, Бели, Сини и Црвени, на крајот останале само две - Зелените и Сините, чие соперништво кулминирало со Бунтот Ника.

Навивачките групи на Зелените и Сините во Византија биле толку влијателни, што и императорите во Византија понекогаш припаѓале на некоја од групите, или пак барале нивна политичка поддршка за да дојдат на власт, како на пример императорот Фокас во 602. година.

Извори

уреди
  • Homer. Iliad  – преку Викиизвор.
  • Pausanias, Description of Greece, Book 6: Elis II.See original text in Perseus program.
  • Pindar, Isthmian Odes - Ishmian 1. See original text in Perseus program.
  • Pindar, Olympian Odes - Olympian 1. See original text in Perseus program.
  • Pindar, Pythian Odes - Pythian 5. See original text in Perseus program.
  • Thucydides. History of the Peloponnesian War  – преку Викиизвор., Book 6.
  • Tertullian, De Spectaculis. See original text in the Latin library.

Надворешни врски

уреди