Ахаја (римска провинција)
Ахаја (старогрчки: Ἀχαΐα, латински: Achaea) во античката историја е името на приморска област во северен Пелопонез, која одииграла значајна улога во политичкиот живот на Стара Грција во периодот на хеленизмот. Од времето на императорот Октавијан Август (27 п.н.е. - 14 година п.н.е.) Ахаја е термин кој се употребува за римската провинција во која влегувала целата грчка територија која Римјаните ја освоиле, без Тесалија, Акарнанија и Етолија. Од 395 година Ахаја станува дел од Источното Римско Царство (Византија).