Асклепиј
Асклепиј или Ескулап (старогрчки: Ἀσκληπιός; латински: Aesculapius) — бог на лекарството во грчката митологија. Тој бил син на богот Аполон, и нимфата Коронида. Хомер сметал дека тој бил смртен. Се смета дека ја учел медицината од Хирон односно дека таа вештина ја наследил од својот татко Аполон.

ОсобеностиУреди
Овој бог бил прикажуван слично како и Зевс, но секогаш до него имало и змии (поточно, шумски смокови) кои, поради можноста за менување на кожата, биле симбол на подмладување. Прославата во негова чест се одржувала еден ден пред дионизиите. Во Стара Грција Асклепиј бил сметан за бог на медицината: култот имал свој центар во градот Епидаур во Арголида, на брегот на Егејското Море, каде се наоѓал храмот посветен на Асклепиј во кој доаѓале болните од цела Грција.[1]
Негов пандан во римската митологија е богот Ескулап.
Надворешни врскиУреди
- Асклепиј во класичната литература и уметноста (англиски)
- Асклепиј во грчката митологија (англиски)
- Мрежно место посветено на Асклепиј (италијански)
Оваа статија за поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 116.