Георгиос Цондос (грчки: Γεώργιος Τσόντος), познат како капетан Вардас (грчки: Kαπετάν Βάρδας), бил грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Георгиос Цондос
Роден 1871
Амудари, денес Грција
Починал 1942
Атина, Грција

Животопис

уреди

Потекло

уреди

Георгиос Цондос е роден 1871 година во Амудари, во областа Сфакија на островот Крит, тогаш во Османлиското Царство. Хараламбос Цондос, неговиот татко, бил грчки револуционер и учествувал во Грчката војна за независност, а подоцна бил обесен по наредба на генерал-гувернерот на островот Крит, Мустафа паша.

Школување и револуционерна дејност

уреди

Георгиос Цондос завршил грчка воена академија по што учествувал во Критското востание во 1896 година зедно со Тимолеон Васос. Во 1904 година го добил чинот лајтант по што се вклучил во Борбата за Македонија.

Андартски капетан

уреди

Како андартски капетан со својата чета ги обиколувал Корештата, Костурско, Леринско и Битолско прогонувајќи ги четите на Македонската револуционерна организација. Капетан Вардас, заедно со Павлос Мелас и Георгиос Катехакис (капетан Рувас), бил еден од поважните воеби команданти на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

 
Четата на капетан Вардас.

На 4 декември 1904 Цондос, заедно со Николаос Вардас, капетан Алексис Караливанос и Хризостомос Хрисомалидис, во заседа го ликвидирале војводата Костандо Живков во Либешево.

На 25 март 1905 година здружените четите на Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Георгиос Макрис, Павлос Гипарис и капетан Болакас, околу 300 андарти, го нападнале селото Загоричани, во текот на нападот биле убиени околу 100 селани, а целото село изгорело [1].

По нападот Цондос се засолнил во Атина, но подоцна повторно се вратил во Македонија. На 18 април Вардас и Захаријас Пападас фатиле 45 жители од селото Сребрено и убиле двајца мажи и две жени [2].

На 14 јуни 1907 година Вардас со чета од 120 души влегол во борба со турска потера кај Лехово, а целта првично му била да се одмазди на селата Емборе и Паљор за смртта на Захаријас Пападас [3]. Истата година Цондос се повлекол од Македонија.

Учество во војните

уреди

Во 1910 година Цондос е унапреден во капетан на артилеријата. Учествува во Првата балканска војна и се среќава со Васил Чекаларов и Иван Попов во Лерин [4]. Во 1913 година Цондос е унапреден во мајор и е определен лично од кралот Константинос I да ја води антигерлиската дејност во Серско, Кукушко, Драмско и Неврокопско во текот на Втората балканска војна.

Во 1914 година станува командант на армијата во Корча, на Автономна република Северен Епир, по што е сменет од должноста. Поддржувач е на кралот Константинос I против венизелистите [5].

Подоцнежни години

уреди

Во 1920 година е поставен за полковник и ја раководел воената академија до 1921 година. Тогаш е назначен за воен командант на Атика. Во 1925 година Цондас е пензиониран. Починал во 1942 година во Атина. Автор е на "Венизелистката тиранија - преглед 1917 - 1920" (Η βενιζελική τυραννία. Ημερολόγιο 1917-1920) и на спомените „Македонската борба. Хроника 1904 - 1907“ (Ο Μακεδονικός Αγών ημερολόγιο 1904 - 1907).[6]

Извори

уреди
  1. „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  2. „Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας“. Архивирано од изворникот 2012-12-06. Посетено на 2012-12-06.
  3. Македоно-Одрински преглед, бр.2, 1907 г., стр. 21
  4. Силянов, Христо, „От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г.“
  5. „Τσόντος - Βάρδας, Γεώργιος“. Архивирано од изворникот на 2014-12-02. Посетено на 2011-02-03.
  6. Γεωργίου Τσόντου-Βάρδα. Ο μακεδονικός αγών / ημερολόγιο 1904-1905, εισαγωγή - επιμέλεια - σχόλια Γιώργος Πετσίβας, εκδόσεις Πετσίβα, τρεις τόμοι, Αθήνα 2003.

Надворешни врски

уреди