Филипос Китрињарис

Филипос Китрињарис, познат како капетан Ливас (Φίλιππος Κιτρινιάρης, καπετάν Λίβας), бил грчки офицер, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Филипос Китрињарис
Роден 1878
Кардамили, Грција
Починал 1965
 ?

Животопис

уреди

Филипос е роден во 1878 година во Карамили, Грција. Служел во грчката армија сè до 1904 година, а потоа се поврзал со Димитрис Калапотакис и се вклучил во Елиномакедонскиот комитет.

Влегол во четата на Стефанос Дукас и со неа ги обиколувал Корештата и Корча, а оваа чета имала судир и со војводата на Македонската револуционерна организација, Митре Влаот.

Филипос учествувал во нападот на селото Загоричани во март 1905 година. На 10 април истата година четата на Филпос предводена од попот од село Скумско го нападнала селото Езерец, во текот на нападот загинале 8 души [1], а на 13 јули го нападнал селото Осничани. Во текот на сето делување бил придружуван од својот пријател Петров Малеврис (Πέτρος Μαλεύρης).

По Младотурската револуција, Филипос ја напуштил Македонија и се вратил во грчката армија и како грчки офицер учествувал во Балканските војни, Првата светска војна и Грчко-Турската војна од 1919 година.

Се пензионирал од грчката армија со чинот полковник и починал во 1965 година [2].

Наводи

уреди