Горуша
Горуша или Војнова Планина (грчки: Βόιο, Војо) — планина во југозападниот дел на Костурскиот и западниот дел на Кожанскиот округ во Егејска Македонија, денес Грција. Претставува дел од поголемиот венец Пинд Долга е 25-30 и широка околу 15 км. Највисоката точка е на 1.806 м.[1] Прекриена е со густа шума и слабо е населена. Соседни планини се Грамошта на запад и Смолика на југозапад. Во правец север-југ планината минува по границата меѓу општините Нестрам (на запад) и Горуша (на исток). Горуша ја дели Егејска Македонија на север и исток од Епир на запад.
Горуша | |
---|---|
Βόιο | |
Поглед на Горуша | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.806 м |
Координати | 40°21′39″N 21°00′21″E / 40.3609° СГШ; 21.0058° ИГД |
Географија | |
Место | Костурско и Кожанско, Егејска Македонија |
На северозапад Горуша преминува во Грамошта. На север е долината на реката Бистрица со Нестрамско и селото Нестрам. На североисток е областа Костенарија со селата Вичишча, Ланга и Скумско. На југоисток се наоѓа општината Горуша. На југ е планината Василица. На запад е долината на реката Сарандопор во Епир со селата Борботско и Котелци.
Поврзано
уреди- Горуша (општина) — наречена по планината
- Костур (округ)
- Кожани (округ)
Наводи
уреди- ↑ Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 382. ISBN 978-960-86676-6-2.