Лукас Кокинос (грчки: Λούκας Κόκκινος) — андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Лукас Кокинос
Роден 1878
Радосинишча, Егејска Македонија
Починал 1913
Гребен, Егејска Македонија

Животопис

уреди

Кокинос е роден во 1878 година во село Радосинишча, денес Мегаро во Гребенско, Егејска Македонија. Кокинос е еден од првите дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија и во 1904 година заедно со Павел Киров, Атанасиос Гумас и Диамандис Манос ја префрлил четата на Павлос Мелас преку Кожани, Сатишча и Богатско кон Костурско.

Зедно со четата на капетан Малиос од Корча дејствувал во Гребенско против Романската пропаганда во Македонија кој има за цел да ги отргне од грцизмот влашките села во оваа област.

Потоа ја обиколувал Костенарија и ги нападнал селата Осничани (Кастанофито) и Видолушча (Дамаскинија) заедно со капетаните Малиос и Зисис Верос.

На 20 декември 1905 година зедно со капетанот Лицас (Андонис Влахакис) го нападнал селото Езерец, а во текот на нападот биле запалени две куќи и загинале неклку души од селската милиција.

На 14 јануари здружената чета на Лукас и Лицас повторно го нападнале селото Езерец, но биле одбиени од четата на Митре Влаот и селската милиција [1][2].

По смрта на капетан Лисац кој загинал при неуспешниот напад врз селото Осничани на 7 мај 1906 година, Кокинос ја извлекол четата и со неа дејствувал во Костурско против четите на Македонската револуционерна организација.

Во летото 1906 година зедно со Вангелис Влахас го нападнал и изгарел селото Езерец[3].

Во 1911 година Кокинос ги ликвидирал романо-власите кој го убиле гребенскиот митрополит Емилианос Лазаридис.

Во 1912 година во Првата балканска војна со својата чета го помагал настапувањето на грчката армија.

Починал 1913 година во Гребен од туберкулоза [4]. Во неговото родно село новите грчки власти му подигнале споменик [5].

Наводи

уреди
  1. „Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2011-01-22.
  2. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.196, стр.220. Според Силјанов нападот се случил на 9 јануари.
  3. Αντώνης Βλαχάκης - Καπετάν Λίτσας
  4. „Λούκας Κόκκινος“. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2011-01-22.
  5. „Μέγαρο. Καπετάν Λούκας“. Архивирано од изворникот на 2009-03-19. Посетено на 2011-01-22.