Жиковишки манастир

манастир кај Жиковишта, Костурско

Жиковишки манастир „Св. Атанас“ (грчки: Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης или Ζηκόβιστας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Жиковишки манастир
Свети Атанас
Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης
Поглед на манастирската црква
Карта
40°21′10.17″N 21°11′44.71″E / 40.3528250° СГШ; 21.1957528° ИГД / 40.3528250; 21.1957528
МестоЖиковишта, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1629
Управа
Архијерејско намесништвоСачишко
ЕпархијаШишанско-сачишка

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во областа Костенарија, на територијата на Општина Рупишта. Сместен е на рид меѓу селата Жиковишта и Либешево.

Историја

уреди

Според два турски фермана, подоцна изгубени, манастирот е изграден во 1629 г. и со тоа е најстариот споменик на архитектурата во Костенаријата. Митрополитот Филарет Костурски (1889 - 1899) напишал дека на северното крило на манастирот има плоча која говори за негово обновување од Партениј во 1747 г.[4] Во 1759 г. е изграден метохот, а следната година и направено и северното крило.[4][5]

Во главниот дел на црквата има фрески од 1785 г., а оние во припратата во се од 1787 г.[3][6] Живописот е дело на мајсторот Михаил од епирското село Кионат.[7] На плоча на јужниот ѕид стои годината 1817.[4] Зачувани се два ктиторски натписа — еден во наосот и еден во нартексот.[4]

 
Видението на Свети Петар Александриски.

За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 – 1908) манастирот бил збирно место за андартските чети. Затоа, по андартскиот напад на селото Езерец на 15 март во кој загинале 8 Македонци, на 2/17 март 1905 г.[8] овој манастир е нападнат и наполно изгорен (си исклучок на црквата) од Костенариската реонска чета на МРО на чело со Кирјак Шкуртов и милицијата од костенарските села.[9][10] Пред тоа се ликвидирани гркоманите Атанасиос Борозис и Фотиос Фотијадис од Либешево, кои зеле учество во убиството на костурскиот војвода Костандо Живков.[11]

Во 1918 г. манастирот ѝ е одземен на Костурската епархија и станал дел од Шишанско-сачишката. Долги години во него служел отецот Сидер Ковачев (Сидерис Ковацијадис) од Либешево.[11]

Во 1976 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3][6]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης“. Архивирано од изворникот на 7 февруари 2008. Посетено на 12 март 2008.
  2. Η πρώτη Cyberότσαρκα! (Μονή Αγ.Αθανασίου)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 113.
  5. Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 489. ISBN 954-430-345-6.
  6. 6,0 6,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Α/Φ25/49369/4210/10-4-1976 - ΦΕΚ 572/Β/29-4-1976“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 14 декември 2014.
  7. „Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-28. Посетено на 27 декември 2016.
  8. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 155. ISBN 954-90993-1-8.
  9. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 210.
  10. Шкуртовъ, Кирякъ (1940). „Революционната епоха в Костенарията - 1903 - 1908 год“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. XII (4 (114): 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  11. 11,0 11,1 „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.

Надворешни врски

уреди