Рупишта (општина)
Општина Рупишта Δήμος Ορεστίδος | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Костур |
Гео. област: | Костенарија |
Население: | 13 375 (2001) |
Седиште: | Рупишта |
Нас. места: | 31 |
Пошт. бр.: | 520 59 |
Пов. бр.: | 24670-72 |
Портал: | dimos-orestidos.gr |
Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча или Хрупишча; грчки: Δήμος Ορεστίδος, Димос Орестидос) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Рупишта (Аргос Орестико). Според пописот од 2001 г., општината има 13 375 жители. Етногеографски, ги опфаќа селата во Костурското Поле и областа Костенарија.
Наречена е по нејзиното главно населено место — гратчето Рупишта (Хрупишта), кое пак на грчки подоцна е преименувано според горномакедонската област Орестида, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Населени местаУреди
Општината е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две поранешни општини: Рупишта (до септември 2006 г. службено наречена Орестида) и Јон Драгумис, наречена по грчкиот пропагандист Јон Драгумис.
Општинска единица РупиштаУреди
Според пописот од 2001 г., општината Рупишта (Δήμος Άργους Ορεστικού) има 9 918 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Рупишта (7 560)
- Општински оддел Бела Црква (442 жители)
- село Бела Црква (Ασπροκκλησιά, Аспроклисија) (419 жители)
- село Шкрапари (Ασπρονέρι, Аспронери) (23 жители)
- Општински оддел Жиковишта (80 жители)
- Општински оддел Жужелци (83 жители)
- Општински оддел Забрдени (308 жители)
- Општински оддел Либешево
- село Либешево (Άγιος Ηλίας, Агиос Илијас) (42 жители)
- Општински оддел Ланга
- село Ланга (Λάγκα, Ланка) (110 жители)
- Општински оддел Моласи (302 жители)
- Општински оддел Нестиме
- село Нестиме (Νόστιμο, Ностимо) (115 жители)
- Општински оддел Осничани (75 жители)
- Општински оддел Песјак (359 жители)
- Општински оддел Скумско
- село Скумско (Βράχος, Врахос) (67 жители)
- Општински оддел Старичани (375 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓаат и денес напуштените села Оловраде (Головраде или Лувраде; Скиеро), Марчишта (Като Периволи), Лагор (Лагора) и Братмир.
Општинска единица Јон ДрагумисУреди
Според пописот од 2001 г., општината Јон Драгумис (Δήμος Ίωνος Δραγούμη), наречена по грчкиот пропагандист Јон Драгумис, со седиште во Богатско (Вогацико) има 3 457 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Богатско
- село Богатско (Βογατσικό, Вогацико) (793 жители)
- Општински оддел Здралци
- село Здралци (Αμπελόκηποι, Амбелокипи) (688 жители)
- Општински оддел Костараџа
- село Нова Костараџа (Κωσταράζι, Костарази) (874 жители)
- Општински оддел Лошница
- село Лошница (Γέρμας, Гермас) (720 жители)
- Општински оддел Слимништа
- село Слимништа (или Слимнишча; Μηλίτσα, Милица) (382 жители)
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Портал на Општина Рупишта Архивирано на 17 мај 2014 г.