Дунав
Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.
Дунав | |
---|---|
Дунав во Будимпешта | |
Текот на Дунав | |
Изворно име | |
Местоположба | |
Држави |
|
Градови | |
Физички особености | |
Извор | Брег |
• место | Фуртванген им Шварцвалд, Баден-Виртемберг, Германија |
• координати | 48°05′44″N 08°09′18″E / 48.09556° СГШ; 8.15500° ИГД |
• надм. вис. | 1,078 m |
Спореден извор | Бригах |
• место | Санкт Георген им Шварцвалд, Баден-Виртемберг, Германија |
• координати | 48°06′24″N 08°16′51″E / 48.10667° СГШ; 8.28083° ИГД |
• надм. вис. | 940 m |
Влив на изворите | |
• место | Донауешинген, Баден-Виртемберг, Германија |
• координати | 47°57′03″N 08°31′13″E / 47.95083° СГШ; 8.52028° ИГД |
Устие | Делта на Дунав |
• место | Романија |
• координати | 45°13′3″N 29°45′41″E / 45.21750° СГШ; 29.76139° ИГД |
Должина | 2,850 km[1] |
Големина на сливот | 801,463 km2[2] |
Ширина | |
• најмала | Среден Дунав (Ѓердапска Клисура) 150 m; Долен Дунав (Браила) 400 m[3] |
• просечна | Горен Дунав 300 m; Среден Дунав 400-800 m; Долен Дунав 900-1,000 m[4][3][2] |
• најголема | Среден Дунав 1,500 m; Долен Дунав 1,700 m[2][3] |
Длабочина | |
• најмала | 1 m (Горен Дунав)[2] |
• просечна | Горен Дунав 8 m; Среден Дунав 6-10 m, 53 m (Ѓердапска Клисура); Долен Дунав 9 m[4][3][2][5] |
• најголема | Среден Дунав (Ѓердапска Клисура) 90 м (300 ст); Долен Дунав 34 m[3] |
Проток | |
• место | Делта на Дунав |
• просечен | (период: 1931–2020)6,452 m3/s[7][8] |
• најмал | 1,790 m3/s[6][7] |
• најголем | 15,900 m3/s[6][7] |
Проток | |
• место | Белград |
• просечен | (период: 1931–2020)5,300 m3/s[7] |
Проток | |
• место | Будимпешта |
• просечен | (период: 1931–2020)2,350 m3/s[7] |
Проток | |
• место | Виена |
• просечен | (период: 1931–2020)1,920 m3/s[7] |
Проток | |
• место | Пасау (Баварија, 30 km пред градот) |
• просечен | (период: 1931–2020)580 m3/s[7] |
Особености на сливот | |
Течение | Црно Море |
Речен слив | Дунавски |
Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.
Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.
При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.
Историја
уредиРеката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.
Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.
Притоки
уредиДунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.
Сообраќај
уредиРеката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.
Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:
- во Германија: Улм, Инголштат, Регенсбург, Пасау;
- во Австрија: Линц, Кремс, Виена;
- во Словачка: Братислава;
- во Унгарија: Будимпешта;
- во Хрватска: Вуковар;
- во Србија: Нови Сад, Белград;
- во Романија: Турну Северин, Браила, Галац, Тулча;
- во Бугарија од запад на исток се градовите Видин, Лом, Козлодуј, Орјахово, Никопол, Белене, Свиштов, Русе, Тутракан и Силистра.
Културно значење
уредиДунав како тема во уметноста и во популарната култура
уредиНекои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Дунав, како на пример:
- „Дунав“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[9]
- „Големиот господин Дунав“ (Велики господин Дунав) - песна на српскиот поет Васко Попа.[10]
- „Ивчистил се бел Дунав избистрил се“ - македонска народна песна.[11]
- „Рано ранила Петкана“ - македонска народна песна.[12]
- „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau) - валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус.
Наводи
уреди- ↑ „Danube River“. Encyclopædia Britannica (Online. изд.). Посетено на 30 April 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „ICPDR“.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Long-term Morphological Development of the Danube in Relation to the Sediment Balance“.
- ↑ 4,0 4,1 Bondar, Constantin. „Hydromorphological balance of the Danube River Channel on the Sector between Bazias (km 1072.2) and Danube Delta Inlet (km 80.5)“ (PDF). osce.org. Посетено на 30 April 2022.
- ↑ „Republic Hydrometeorological Service of Serbia“.
- ↑ 6,0 6,1 Gâştescu, Petre; Țuchiu, Elena (2012), Gâştescu, Petre; Lewis William Jr, William; Breţcan, Petre (уред.), „The Danube River in the Pontic Sector – Hidrologycal Regime“ (PDF), Water resources and wetlands: Conference Proceedings, Tulcea, Romania, стр. 18, ISBN 978-606-605-038-8
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 „THE DANUBE RIVER AND ITS DELTA, HYDROGEOGRAPHYC CHARACTERISTICS-ACTUAL SYNTHESIS“.
- ↑ „Points of view expressed by the Romanian authorities and scientific research on the Ukraine's document "Annotated Report on Scientific Research – Complex Environmental Monitoring for the Danube – Black Sea Deep Water Navigation Canal operation in 2017–2018. The Sea Approach Canal Zone"“ (PDF). unece.org. Посетено на 30 April 2022.
- ↑ Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 90-96.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 130.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 80.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.