Козлодуј
Козлодуј (бугарски: Козлодуй) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Козлодуј во Врачанската Област. Има население од околу 12.467 жители (2022).[1]
Козлодуј Козлодуй | |
---|---|
град | |
Поглед на Домот на енергетскиот работник | |
Местоположба на Козлодуј во Бугарија | |
Координати: 43°46′35.2″N 23°43′45.76″E / 43.776444° СГШ; 23.7293778° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Козлодуј |
Управа | |
• Градоначалник | Маринела Николова (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 105,31 км2 (40,66 ми2) |
Надм. вис. | 33 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 12,467 |
• Густина | 120/км2 (310/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3320 |
Повик. бр. | +359 0973 |
Мреж. место | kozloduy.bg |
Географија и местоположба
уредиКозлодуј се наоѓа во Дунавската Рамнина, на 7 километри од устието на реката Огоста во реката Дунав, во плодната житница на Бугарија, наречена „Златија“.
Историја
уредиНајраните официјални податоци покажуваат дека Козлодуј бил населен во 16 век. Во 18 век населбата била означена како Котозлук и Козлудере, а подоцна и Козлодуј.
На 17 мај 1876 година четата на бугарскиот револуционер Христо Ботев слезла од паробродот „Радецки“ на брегот во Козлодуј.
На 6 април 1970 година започнала изградбата на Првата атомската централа „Козлодуј“ [2] која е главен работодавец во градот.
Јавни институции
уреди- Паробродот музеј „Радецки“
- Дом на енергетскиот работник
- Читалиште „Христо Ботев“
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ „Kozloduy NPP Plc - History“. Kznpp.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2011-03-16.