Тиса (река)
Тиса (српски, украински и русински: Тиса; унгарски: Tisza; романски и словачки: Tisa) — една од главните реки во Средна Европа. Извира во Украина и настанува кај Рахов како спој од Бела Тиса, (од планината Чорногора) и Црна Тиса, (од Горгањ). Тече долж границата со Романија, па влегува во Унгарија кај Тисабеч и излегува од земјата кај Сегед. Според преданијата, хунскиот водач Атила е закопан под пренасочен ракав на Тиса.
Тиса | |
---|---|
Map of the Tisza | |
Изворно име | |
Местоположба | |
Држави | |
Градови | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Источни Карпати, Украина |
• надм. вис. | 2,020 m |
Устие | Дунав |
• место | Кај Нови Сад, Србија |
• координати | 45°8′17″N 20°16′39″E / 45.13806° СГШ; 20.27750° ИГД[1] |
• надм. вис. | 70 m |
Должина | 966 km[2] |
Големина на сливот | 157,186 km2[2][3][4] |
Особености на сливот | |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Речен слив | Дунавски |
Притоки | |
• леви | Вишеу, Иза, Тур, Самош, Красна, Кереш, Муреш, Бегеј |
• десни | Тересва, Теребља, Рика, Боржава, Бодрог, Шајо, Егер, Задјва |
По Сегед, реката влегува во Војводина и се влева во Дунав кај селото Нови Сланкамен, образувајќи ја границата помеѓу Банат и Бачка. Оди во кратки потези и долж унгарско-украинската и унгарско-српската граница.
Сливот на Тиса зафаќа површина од 156.087 км2,[3] и долг 965 км — најголем од сите притоки на Дунав.[3] Има среден годишен истек од 792 м³/с, и со тоа учествува со 13% од дунавскиот слив.[3]
Уредување на коритото
уредиНекогаш Тиса течела во Унгарија цели 1.419 км, во голем дел низ Големата Унгарска Низина — една од најголемите рамници во Европа. Бидејќи реките во рамничарски предели течат мошне бавно, Тиса имала доста кривини, што редовно доведувало до поплави во поречието.
По неколку помали обиди, унгарскиот државник Иштван Сечењи го покренал уредувањето на коритото на Тиса, кое траело од 1846 до 1880 г. Со ова должината на течението во Унгарија се намалило на 966 км, покрај каналите и ракавите што играат регулативна улога.
Уреденото корито претставува еден од најголемите систми за заштита од поплави на континентот — поголем од оној на Холандија, коритото на По и Долината на Лоара.
Пловност
уредиТиса е пловна во голем дел од течението, но Унгарија не дозволувала сообраќај на странски пловила сè до стапувањето во ЕУ. Реката не е пловна при суша или кога е поплавена.[5]
Поважни притоки
уредиПоважни притоки на Тиса се:
- Чик (кај Бачко Петрово Село)
- Јегричка (кај Жабаљ)
- Бегеј (кај Тител)
- Муреш (во Сегед)
- Киреш (кај Чонград)
- Заѓва (во Солнок)
- Шајо (во Тисаујварош)
- Бодрог (во Токај)
- Красна (во Вашарошнамењ)
- Сомеш (кај Вашарошнамењ)
- Тур
- Батар
- Шугатаг
- Баја
- Шарош
- Шапинца
- Валеја Хотарулуј
- Бику
- Сарасиу
- Валеја Јепеј
- Иза
- Вишеу (во Бистра)
Градови
уредиТиса тече низ следниве земји и градови (по низводен редослед):
- Украина: Рахов, Тјахов, Хуст и Виноградов.
- Романија: Сигету Мармацјеј.
- Унгарија: Вашарошнамењ, Токај, Тисаујварош, Солнок, Тисакечке, Чонград, Сентеш, Хомезевашархељ и Сегед.
- Србија: Кањижа, Нови Кнежевац, Сента, Ада, Мол, Бечеј и Нови Бечеј.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Tisza - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Tisza Basin“.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Tockner, Klement; Uehlinger, Urs; Robinson, Christopher T., уред. (2009). Rivers of Europe (First. изд.). London: Academic Press. Sec. 3.9.5. ISBN 978-0-12-369449-2. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Rivers_of_Europe“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Danube River“.
- ↑ База на водни патишта „NoorderSoft“ (англиски)
- Administrația Națională Apelor Române – Cadastrul Apelor – București
- Institutul de Meteorologie și Hidrologie – Rîurile României – București 1971
Надворешни врски
уреди„Тиса“ на Ризницата ? |
- Тиса на порталот „Бачка и Банат“ (српски)
- „Жива Тиса“ — историски портал (унгарски)
- Тиса наградена со „Нетрадиционално туристичко одредиште за 2010 г.“ Архивирано на 3 ноември 2012 г. (англиски)