Белене
Белене (бугарски: Белене) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белене во Плевенската Област. Има население од околу 7.144 жители (2022).[1]
Белене Белене | |
---|---|
град | |
Поглед на градот од Дунав | |
Местоположба на Белене во Бугарија | |
Координати: 43°38′38.56″N 25°7′31.33″E / 43.6440444° СГШ; 25.1253694° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Плевен |
Општина | Белене |
Управа | |
• Градоначалник | Милен Дулев (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 285 км2 (110 ми2) |
Надм. вис. | 27 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 7,144 |
• Густина | 25/км2 (65/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 5930 |
Повик. бр. | +359 0658 |
Мреж. место | belene.bg |
Географија и местоположба
уредиБелене се наоѓа на 60 km во североисточен правец од регионалниот центар Плевен и во близина на градот Свиштов - 26 km. Другите блиски градови се Никопол - 37 км западно од Белене и Левски на југ - 46 км. Градот се наоѓа во северно-централниот дел на Дунавската Рамнина, на десниот брег на реката Дунав во плодната Свиштовско-Беленска Низина.
Историја
уредиБелене бил прогласен за град во 1964 година, кој се слави секоја година во првата недела од септември со пазар и културни настани.
Градот е познат и по концентрациониот логор Белене на комунистичкиот режим, кој се наоѓа на островот Белене.
Проектот за нуклеарна централа „Белене“ беше во изградба 25 години е напуштен и се се наоѓа на 7 километри источно од градот.
Жителите на градот се христијани главно од католичка вероисповед. Во Белене има две католички цркви (една изградена во 1860 година и една изградена во 1874 година) и една православна (изградена во 1893 година).
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.