Ѓердапска Клисура
Ѓердапска Клисура (романски: Porţile de Fier, унгарски: Vaskapu, словачки: Železné vráta, турски: Demirkapi, германски: Eisernes Tor, бугарски: Железни врата) – најдолга и најголема клисура во Европа. Формира дел од границата меѓу Романија и Србија, при што Романија е северно, а Србија јужно. Клисурата е национален парк од двете страни, од романската страна е националниот парк Железна врата, а од српската страна националниот парк Ѓердап.
Назив на клисурата
уредиРоманскиот, унгарскиот, словачкиот, турскиот, германскиот и бугарскиот назив имаат значење железна врата, додека на бившојугословенските простори е позната како Ѓердапска Клисура или само Ѓердап.
Котлини и клисури во Ѓердапската Клисура
уредиЃердапската клисура претставува композитна (ја сочинуваат наизменично 4 котлини и 4 клисури), антесцедентна (засекувањето на коритото одело паралелно со тектонските поместувања) долина и изгледа вака:
- Голубачка клисура
- Љупковска долина
- Клисура Госпоѓин вир
- Долномилановачка котлина
- Клисура Казан
- Оршавска котлина
- Сипска клисура
- Влашко-понтиска низина
Во клисурата има археолошки наоѓалишта и културно-историски споменици, како што се населбите Лепенски Вир, Голубачки Град, остатоци од Трајановиот мост, Трајановата плоча, како и разни сочувани примери на народната словенска архитектура.
Акумулација
уредиВо 1964 година почната е изградба на хидроелектрана за која цел е направена брана на излезот од клисурата. Ова довело до подигање на нивото на водата и потопување на речниот остров Ада Кале. Акумулацијата се нарекува Ѓердапско Езеро.
Галерија
уреди-
Поглед на Казан
-
Статуетка од Лепенски Вир
-
Тврдината Голубац, на влезот во Ѓердап, српска страна.
-
Трајановата плоча
-
Ѓердап во зима