Измаил (украински: Ізмаї́л; руски и бугарски: Измаил; романски: Ismail; полски: Izmaił) — историски град на Дунав во Одеската област во југозападна Украина. Административно, Измаил се води како град од регионално значење. Исто така тој претставува административен центар на Измаислиот реон.

Измаил
Ізмаїл
Град
Катедралата во Измаил
Катедралата во Измаил
Знаме на ИзмаилГрб на Измаил
Гесло: Верба, слобода, победа
Измаил is located in Украина
Измаил
Измаил
Координати: 45°21′6″N 28°50′11″E / 45.35167° СГШ; 28.83639° ИГД / 45.35167; 28.83639
Држава Украина
ОбластОдеска област
РеонИзмаил
Управа
 • ГрадоначалникАндриј Абрамченко
Површина
 • Вкупна53,60 км2 (2,070 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002800000028 м
Население (2015)
 • Вкупно72.471
 • Густина1.352/км2 (3,500/ми2)
Поштенски факс68600—633
Повик. бр.+380-4841
Мреж. местоizmail.odessa.gov.ua

Градот е најголемо украинско пристаниште На Дунав. Како таков, тој е центар на прехранбената индустрија и популарно регионално туристичко одредиште. Исто така, градот е база на украинската морнарица и на единиците на украинската морска полиција кои делуваат на реката Дунав. Според проценките, во 2015 година во градот живееле 72,471 лица.

Етничките Руси сочинуваат 42,7% од населението во Измаил, додека 38% се Украинци, 10% Бесарабски Бугари, и 4,3% Молдавци. Рускиот јазик го зборуваат 74,24% од населението.

Историја

уреди
 
Влез на територијата на Измаилската тврдина
 
Опсада на Измаил во 1790 година;
од Алексеј Кившенко.

Тврдината во Измаил била изградена од џеновски трговци во 12. век. Краток временски период територијата припаѓала на Влашка (14. век) – како територија северно од Дунав била една од поседите на басарабите (подоцна земјата била именувана по нив, Бесарабија). Градот за првпат бил спомнат како Исмаилије, изведен од името на отоманскиот голем везир Измаил.

Од крајот на 14 век, Измаил бил под власт на Кнежевството Молдавија. Во 1484 година, отоманската држава ја окупирала територијата, која во тој момент станала отомански протекторат (под директно владеење од 1538 г.). Од раниот 16. век, градот бил главна отоманска тврдина во регионот Буджак. Во 1569 година султанот Селим II го населил Измаил со ногајци, со потекло од Северен Каквказ.

Откако претходно рускиот генерал Николај Репнин ја преземал тврдината во Измаил во 1770 година, таа била силно заштитена од Турците, за никогаш повторно да не бида окупирана. Султанот се фалел дека тврдината е непробојна, но за време на руско-турската војна (1787-1792) командирот на руските сили Александар Суворов извршил успешен напад на 22 декември 1790 година. Отоманските сили внатре во тврдината имале наредби да се борат до самиот крај, надмено одбивајќи го рускиот ултиматум. Поразот во Османлиското Царство бил доживеан како катастрофа, додека во Русија бил прославен во првата државна химна, Grom pobedy, razdavajsya.

На крајот на воната, Измаил повторно бил окупира од Османлиското Царство, но руските воени сили успеале по трети пат да го освојат на 14 септември 1809 година. Откако бил отстапен на Русија заедно со остатокот од Бесарабија во согласност со букурешкиот договор од 1812 година, градот одново бил темелно изграден. Катедралата (1822–36), црквите на Христовото рождство (1823), црквата „Свети Никола“ (1833) и неколку други датираат од тој временски период. Најстара градба во Измаил е мала турска џамија, изградена во 15. или 16. век, претворена во црква во 1810 година а моментално претставува музеј посветен на воениот напад во Измаил од 1790 година.

Откако Русија загубила во кримската војна, градот пак припаднал на Кнежевството Молдавија, кое набрзо ќе стане дел од Романското обединето кнежевство. Русија успеала повторно да владее со градот по Руско-турската војна (1877-1878).

Со распадот на Руската Империја во 1917 година и по завршувањето на првата светска војна, градот бил окупиран од романските воени сили на 22 јануари 1918 година, по судирот со силите на дунавската флотила. Подоцна истата година, Сфатул Цериј од Кишињев, совет кој тврдел дека е претставник на цела Бесарабија, изгласал формално соединување на регионот со Романија. Ова соединување било признаено од Обединетото Кралство, Франција и Италија во парискиот договор склучен во 1920 година, но не и од Советскиот Сојуз кој имал територијални претензии над Бесарабија.

Во 1940 година, и повторно за време на втората светска војна, Измаил бил окупиран од Црвената армија и вклучен (август 1940 г.) во Украинската ССР; регионот бил окупиран во периодот 1941–1944 од романските воени сили кои учествувале во операцијата Барбароса. За време на советскиот период по втората светска војна, многу руси и украинци се населиле во градот, постепено менувајќи го неговиот етнички состав. Измаилската област била формирана во 1940 година и градот останал административен центар сè додека областа не била припоена кон Одеската област во 1954 година.

Од 24 август 1991 година, Измаил е дел од независна Украина.

Клима

уреди

Според кепеновата климатска класификација, Измаил има влажна суптропска клима со четири четири различни годишни времиња и обилни врнежи во текот на целата година, типични за југот на Украина. Летата се топли и влажни, а зимите се умерено студени. Најтопол месец во годината е јули со просечна температура од 22,6 °C, а најстуден месец е јануари со просечна температура од −1,5 °С.

Климатски податоци за Измаил (1887–2005)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 17.1
(62.8)
23.0
(73.4)
27.6
(81.7)
31.2
(88.2)
38.7
(101.7)
37.8
(100)
40.1
(104.2)
38.8
(101.8)
35.9
(96.6)
32.2
(90)
25.5
(77.9)
19.9
(67.8)
40.1
(104.2)
Прос. висока °C (°F) 2.3
(36.1)
4.1
(39.4)
9.0
(48.2)
16.3
(61.3)
22.3
(72.1)
26.0
(78.8)
28.5
(83.3)
28.2
(82.8)
23.5
(74.3)
17.0
(62.6)
10.1
(50.2)
4.4
(39.9)
16.0
(60.8)
Сред. дневна °C (°F) −1.5
(29.3)
−0.1
(31.8)
4.1
(39.4)
10.6
(51.1)
16.6
(61.9)
20.4
(68.7)
22.6
(72.7)
21.9
(71.4)
17.1
(62.8)
11.2
(52.2)
5.9
(42.6)
0.8
(33.4)
10.7
(51.3)
Прос. ниска °C (°F) −4.8
(23.4)
−3.6
(25.5)
0.0
(32)
5.5
(41.9)
10.8
(51.4)
14.6
(58.3)
16.5
(61.7)
15.7
(60.3)
11.4
(52.5)
6.3
(43.3)
2.2
(36)
−2.4
(27.7)
6.1
(43)
Најниска забележана °C (°F) −25.4
(−13.7)
−24.1
(−11.4)
−19.0
(−2.2)
−10.6
(12.9)
0.0
(32)
5.6
(42.1)
9.1
(48.4)
3.6
(38.5)
−3.3
(26.1)
−8.9
(16)
−17.6
(0.3)
−20.8
(−5.4)
−25.4
(−13.7)
Прос. врнежи мм (ин) 31.2
(1.228)
33.4
(1.315)
28.7
(1.13)
35.3
(1.39)
45.2
(1.78)
57.5
(2.264)
48.8
(1.921)
37.9
(1.492)
39.0
(1.535)
27.9
(1.098)
37.8
(1.488)
35.9
(1.413)
458.8
(18.063)
Прос. бр. врнежливи денови 13.8 10.8 9.0 8.5 7.0 6.3 3.9 2.8 8.8 7.5 11.0 12.1 101.5
Прос. релативна влажност (%) 81.1 73.5 70.8 67.2 61.7 60.9 58.9 60.7 70.5 74.1 81.7 79.1 70.0
Сред. бр. сончеви часови месечно 55.8 109.2 179.8 225.0 300.7 354.0 328.6 310.0 219.0 155.0 60.0 86.8 2.383,9
Извор: Climatebase.ru[1]

Демографски податоци

уреди
Етнички групи (2011)
Руси
  
43,7 %
Украинци
  
38,0 %
Бугари
  
10,0 %
Молдавци
  
4,3 %
Гагаузи
  
0,9 %
Роми
  
0,3 %
Јазици (2001)[2]
Руски
  
74,24 %
Украински
  
18,04 %
Бугарски
  
4,58 %
Романски
  
1,83 %
Гагауски
  
0,38 %
Ромски
  
0,26 %

До крајот на 1813 година во градот имало 6,000 жители, а во 1817 година, населението било зголемено на 9,000 жители.

Во 1892 година во градот живееле 31171 жител (17,461 мажи и 13,710 жени).[3]

Во периодот 1918—1930, поради невработеност, глад, болести и зголемувањето на смртноста, населението нагло се намалило од 45,000 на 26,000 жители до 1931 година. Од градот, 13 % од жителите емигрирале во СССР и други држави.

Според пописот од 1931 година во градот живееле 26 123 лица, а според проценките до 1937 година, населението се зголемило за 2,1 % и изнесувало 26 669 жители.[4]

Во периодот 1983-1984 во Измаил живееле 87 илјади жители (од 30 различни националности), а до 1990 година населението се зголемило на 94,1 илјади жители.

Во почетокот на 2000 година, во градот живелее 84,8 илјади (попис од 2001 г.). Според етничкиот состав: руси — 43,7 %, украинци — 38 %, бугари — 10 % и молдавци — 4,3 %. Во 2012 година, во градот живееле 73 илјади жители.[5]

Значајни личности

уреди

Меѓународни врски

уреди

Збратимени градови

уреди

Измаил е збратимен со:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Izmail, Ukraine Climate data (Period supervision: 1887–2005)“. Climatebase. Посетено на April 6, 2015.
  2. Розподіл населення за рідною мовою Архивирано на 23 септември 2015 г.. Одеська область
  3. Измаил. Энциклопедический словарь Ф. А. Брокгауза и И. А. Ефрона (руски)
  4. „Жудець Ізмаїл“. Посетено на 5 жовтня 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help) (романски)
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-18. Посетено на 2016-10-09.

Надворешни врски

уреди

45°21′06″N 28°50′11″E / 45.35167° СГШ; 28.83639° ИГД / 45.35167; 28.83639