Орјахово
Орјахово (бугарски: Оряхово, до 1945 г. Орѣхово) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Орјахово во Врачанската Област. Има население од околу 4.779 жители (2022).[1]
Орјахово Оряхово | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Орјахово во Бугарија | |
Координати: 43°44′19.93″N 23°57′40.24″E / 43.7388694° СГШ; 23.9611778° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Враца |
Општина | Орјахово |
Управа | |
• Градоначалник | Росен Добрев (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 50,79 км2 (19,61 ми2) |
Надм. вис. | 173 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 4,779 |
• Густина | 94/км2 (240/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3300 |
Повик. бр. | +359 09171 |
Мреж. место | oriahovo.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во ридско подрачје на десниот брег на Дунав, веднаш источно од устието на реката Огоста. Фериботот Орјахово-Бекет, кој го минува Дунав, е еден од главните транспортни коридори од Бугарија до Романија.
Историја
уредиПодрачието на современиот град била населена уште од античко време. Спроведените археолошки истражувања докажуваат постоење на населби од сите историски епохи — од раниот неолит до средниот век. Во градот биле пронајдени бакарни тракиски мечеви, коњски потковици и остатоци од антички римски тврдини. Две крстоносни војни се одржале низ Орјахово, првата во 1396 година била предводена од унгарскиот крал Сигизмунд од Луксембург и втората во 1444 година била предводена од полскиот крал Владислав Јагело. Во 1726 година Орјахово бил еден од главните градови на Дунав. За време на Преродбата градот бил една од главните точки за снабдување на Отоманската Империја со стоки од Западна Европа. Во 1837 година била изградена црквата „Свети Георги“, која денес е споменик на културата од национално значење во Бугарија. Во 1871 година било основано првото читалиште. Градот бил ослободен од османлиската власт на 21 ноември 1877 година. Во почеток на 20 век, зградите биле изградени во западен стил, а речното пристаниште на градот било важна точка за поврзување со Европа.
Некои од првите индустриски компании во градот — фабрика за резервни делови и претпријатието за обработка на метал биле отворени уште во 1961 година. Атомската централа „Козлодуј“, која се наоѓа западно од Орјахово, е исто така главен работодавец.
Јавни институции
уреди- Археолошки музеј
- Етнографски музеј
- Уметничка галерија „Савчеви“
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.