Урбанистички план
Урбанистички планови се планови за уредување и користење на просторот во рамките на планскиот опфат на град, село или друго подрачје утврдено во планот.
Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следните четири вида урбанистички планови:[1]
- Генерален урбанистички план (на ниво на град),
- Детален урбанистички план (на ниво на дел од град),
- Урбанистички план за село (на ниво на село), и
- Урбанистички план вон населено место (на ниво на подрачје надвор од град или село).
Кај различните урбанистички планови има хиерархиска подреденост. Деталниот урбанистички план му е изработен според генералниот урбанистички план. А генералниот урбанистички план е изработен според Просторниот план на Република Македонија
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ „Закон за просторно и урбанистичко планирање“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2010-04-02.