Миле Кузмановски

македонски пејач

Миле Кузмановски (р. 24 декември 1971 година во Скопје) — македонски пејач.

Миле Кузмановски
Животописни податоци
Роден(а)24 декември 1971
Скопје, Македонија Македонија
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1991 - сè уште

Животопис уреди

Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет. Познат е по баладите Не кани ме и Крал без круна. Има одражано многу солистички концерти, во 2010 година во Универзалната сала одржа концерт заедо со Група Академци. Исто така и во 2012 година со Арија Бенд, специјални гости му беа Виолета Томовска, Новица Василевски и Марјан Коцев, и следниот концерт е во 2014 година. Неговата кариера ја одбележа песната Не кани ме чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци.

Дискографија уреди

Кузмановски има издадено 5 албуми со негови авторски песни.

Албуми уреди

  • Не кани ме (2003)
  • Исправи се Македонијо (2009)
  • Најдоброто од Миле (2011)
  • Крал без круна (2013)
  • 30 години музика со Миле (2021)

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Не кани ме 2000
Место не ме држи брате 2009 Група Биоритам
Крал без круна 2012 Фабрика Продукција
Огледало 2012 Фабрика Продукција
Шприцер 2013
Огледало 2013
Презиме 2014 Фабрика Продукција
Играј срце 2015 Фабрика Продукција
Рулет 2015 Фабрика Продукција
Само љубов лекува 2015 ИН ТВ
Сон 2015 Фабрика Продукција
Готово е 2015 Фабрика Продукција
Генерацијо 2015 ИН ТВ
Мојот народ заслужува 2016 Фабрика Продукција
Живили брате 2016 ИН ТВ
Последен воз 2019
Чадор стар 2019
Налеј, налеј 2023 Скендеровски Продукција

Наводи уреди