Бобан Трпков
Бобан Трпков (Драчево, Скопско, 1968 – Требош, Тетовско, 11 ноември 2001) бил македонски бранител, припадник на единицата „Лавови“ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 11 ноември 2001 во заседата Требош.[1]
Бобан Трпков | |
---|---|
1968 – † 11.11.2001 (33 г.) | |
Роден во: | Драчево, СР Македонија |
Починал во: | Требош |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Специјалец во МВР |
Единици: | Лавови |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и заседата „Требош“
уредиБобан Трпков е роден 1968 година во скопското село Драчево. Учествува во војната 2001 година во Македонија. Загинува како еден од последните жртви за време на кризнта 2001 година кај тетовското село Требош. Настанот се случил кога албанските терористи на 11 ноември 2001 година во околу 19 часот, од заседа поставена на двете страни на патот кон селото Требош, отвориле оган врз возила на МВР. Од едниот бункер терористите пукале со автоматски пушки, додека од фортификациското утврдување од спротивната страна стрелале со рачен фрлач за гранати и со „зоља“. Во првото возило од колоната, џип „лада нива“, во кое се наоѓал еден од загинатите полицајци, терористите пукале со автоматско оружје.
Во исто време, од бункерот од другата страна на патот, албанските бандити со по една граната од „зоља“ и од рачен фрлач го погодиле второто возило од колоната, оклопниот транспортер „БТР“. Во транспортерот загинале двајцата полицајци.
Улогата на Бобан и останатите убиени во заседата во Требош беше да извршат обезбедување на просторот каде што требаше да почнат активностите за ексхумација на киднапирани и убиен Македонци. Бобан загинува на 33 годишна возраст заедно со Оливер Петрушевски и Драго Маневски.[2]
Бобан беше женет и имал две деца. Во негова чест е подигнат спомен биста во Драчево пред месната заедница, а во паркот на бранителите е поставен спомен плоча на меморијалната фонтана.[3][4] Бобан Трпков посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Загинаа тројца „Лавови"“. А1. 11 ноември 2001. Посетено на 2016-10-06.
- ↑ „Тројца загинаа без потреба“. Вест. 11 ноември 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-10-06.
- ↑ „Се пушти во употреба Паркот на бранителите во Драчево“. kiselavoda.gov.mk. 28 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-10-19.
- ↑ „ОТКРИЕНА БИСТАТА НА БРАНИТЕЛОТ БОБАН ТРПКОВ“. Вест. 8 април 2009. Посетено на 2016-10-19.[мртва врска]
- ↑ „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.