ООУ „Рајко Жинзифов“ - Драчево

Рајко Жинзифов — деветгодишно централно основно училиште сместено во населбата Драчево. Училиштето е плод на хуманоста и солидарноста на народот и Владата на Велика Британија, кое било изградено по катастрофалниот земјотрес во 1963. Училиштето офицјално започна со работа на 1 септември 1964 година. Во населбата Пинтија е сместено подрачното деветгодишно училиште.

Рајко Жинзифов

Место
Општина: Кисела Вода
Нас. место: Драчево
Адреса: „Ратко Митровиќ“ бр. 14
Местоположба
Основни информации
Директор: Елизабета Славковска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место sites.google.com/site/rajkozinzifov
Телефон во централното училиште 02 2791025; во пордачното училиште 02 2728601

Централното училиште постои веќе 50 години, а подрачното училиште како деветгодишно основно училиште успешно работи веќе неколку години. Исто така училишната библиотека работи уште од самите почетоци на училиштето и во својот фонд на книги брои над 1000 изданија.

Изградба нов објект уреди

Во ноември 2012 година беа поставени темелите на новата училишна зграда на училиштето како донација од Владата на Народна Република Кина. Изградбата на новото училиште заврши во септември 2014 година, а проценета е на 3,9 милиони евра. Покрај објектот, сиот инвертар, исто така, е донација од НР Кина. На 1 септември 2014 година изградена и пуштена е новата зграда со 4500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16000 квадрати има фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Во учебната 2014/15 училиштето имало 704 ученици, од кои 82 биле првачиња.[1]

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Фотогалерија уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Ново училиште во Драчево. Архивирано од изворникот на 2014-09-06. Посетено на 2014-09-02.