Дарко Радуловиќ
Дарко Радуловиќ (роден на 19 јули 1980 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија и тековен тренер. Моментално е тренер на Пелистер.
Дарко Радуловиќ | |
---|---|
Позиција | Бек (како играч) Тренер |
Висина | 1,92 м |
Тежина | кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Пелистер |
Роден | 19 јули 1980 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Клубови | |
Како играч: | |
2001-2003 | Никол Ферт |
2003 | Поло Трејд |
2004-2005 | Карпош Соколи |
2005 | МЗТ Аеродром |
2006 | Тоа Сум Јас |
2006-2007 | МЗТ Аеродром |
2007-2008 | Фени Индустри |
2008-2009 | МЗТ Аеродром |
2009-2010 | Вардар Осигурување |
2010-2012 | Вардар |
2012 | Фени Индустри |
2012-2013 | Кожув |
2013-2014 | Куманово 2009 |
2014-2015 | Фени Индустри |
2016 | Вардар |
Како тренер: | |
2016–2017 | Вардар (помошник тренер) |
2017-2020 | Вардар |
2020-2021 | МЗТ Аеродром (помошник тренер) |
2021-2022 | МЗТ Аеродром |
2023- | Пелистер |
Репрезентација | |
Инфо од: 23.05.2024. |
Играчка кариера
уредиДарко Радуловиќ настапувал во дресот на Никол Ферт од 2001 до 2003 година. Со тој клуб го освоил Купот на Македонија 2002, како и Суперкупот на Македонија 2002. Во првата полусезона од сезоната 2003/04, Радуловиќ настапувал во Поло Трејд.[1] Таму играл сè до втората полусезона кога продолжил во Карпош Соколи.[2] Во првата полусезона од сезоната 2005/06 играл за МЗТ Аеродром,[3][4] а сезоната ја завршил во Тоа Сум Јас.[5] Следната сезона играл за МЗТ Аеродром.[6] За сезоната 2007/08, Радуловиќ потпишал за Фени Индустри,[7] при со кој ја освоил двојната круна. За сезоната 2008/09, Дарко ја продолжил соработката со Фени,[8] но се преселил во МЗТ Аеродром.[9] Во сезоната 2009/10, тој потпишал за новолигашот Вардар Осигурување,[10] со кој бил вицепрвак во Лигата. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Радуловиќ станал слободен агент и потпишал за Вардар, настапувајќи во него за време на сезоната 2010/11 и поголемиот дел од сезоната 2011/12.[11] Во февруари 2012 година, Радуловиќ продолжил во Фени,[12] при што бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. За сезоната 2012/13, се преселил во Кожув,[13] со кој бил вицепрвак во домашното Првенство. Следната сезона, Радуловиќ играл во дресот на Куманово 2009, сè до март кога го напуштил клубот.[14] Во август 2014 година, Радуловиќ по трет потпишал за Фени Индустри за сезоната 2014/15.[15] Радуловиќ играл за Вардар во Втората лига, во втората половина од сезоната 2015/16.
Тренерска кариера
уредиДарко Радуловиќ станал помошник тренер во Вардар за сезоната 2016/17.[16] Во декември 2017 година, поради заминувањето на главниот тренер на Вардар, Радуловиќ застанал на функцијата главен тренер.[17][18] За 2019/20, Радуловиќ останал на тренерската функција во Вардар.[19] На крајот на јуни 2020 година, било обзнаено дека Радуловиќ и Вардар ја прекинале соработката.[20][21] Неколку дена подоцна Дарко станал помошник тренер на МЗТ Аеродром.[22][23] Во средината на март 2021 година, по отказот на главниот тренер Ѓорѓи Кочов, Радуловиќ станал главен тренер.[24][25]
Успеси
уреди
Гостиваруреди
Еуро Никел 2005уреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Со нови имиња, тренер и директор“. vest.com.mk. 18 август 2003. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Шампионот најсериозно се засили“. dnevnik.com.mk. 2004. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Гаштарски и Радуловиќ - новаци“. dnevnik.com.mk. 2005. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Срце на терен“. vest.com.mk. 6 октомври 2005. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Рутинско "возење" на шампионот“. vecer.mk. 4 март 2006. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Радуловиќ и Михајловски желба на МЗТ 2000“. vecer.mk. 17 мај 2006. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Половина лига рамноправно го напаѓа престолот“. vest.com.mk. 12 октомври 2007. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Ѓорѓи Чековски во Фени индустри“. vest.com.mk. 1 јули 2008. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Сезона 2008-2009 Фени Индустри - МЗТ“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Симиќ замина во Вардар осигурување“. ohridnews.com. 17 август 2009. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „КК Вардар како дел од спортското друштво Вардар“. sdvardar.blogspot.mk. 18 декември 2014. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „Радуловиќ продолжува во Фени Индустри“. sport.com.mk. 3 февруари 2012. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Радуловиќ потпиша за Кожув, следен е Соколов“. ekipa.mk. 26 јуни 2012. Посетено на 8 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Заминаа Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ – нов капитен на КК Куманово е Урош Луковиќ“. kumanovskimuabeti.mk преку archive.is. 11 март 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „Дарко Радуловиќ нов играч на Фени Индустри“. tip.com.mk. 27 август 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-29. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „Ѓорѓи Кочов е нов тренер на КК Вардар: Во новата сезона ќе бидеме најмлад тим“. gol.mk. 26 септември 2016. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „Радуловиќ е наследникот на Кочов на клупата на Вардар“. ekipa.mk. 19 декември 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
- ↑ „Радуловиќ е замената на Кочов на кормилото на КК Вардар“. gol.mk. 21 декември 2017. Посетено на 12 јануари 2018.
- ↑ „Радуловиќ прозиваше, КК Вардар ги започна подготовките“. gol.mk преку web.archive.org. 30 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-09-01. Посетено на 1 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Радуловиќ и Вардар се разделија“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 28 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-28. Посетено на 28 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Радуловиќ си замина од Вардар, се сели во МЗТ!?“. basketball.mk преку web.archive.org. 28 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-28. Посетено на 28 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ се засили со Бакоч, Радуловиќ и официјално асистент на Кочов“. gol.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ потпиша договори со Бакоч и со Радуловиќ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МЗТ го отпушти Кочов!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-14. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Иван Димовски (14 март 2021). „ОФИЦИЈАЛНО: Ѓорѓи Кочов повеќе не е тренер на МЗТ!“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-03-14. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)