Грб на Обединетото Кралство

(Пренасочено од Грб на Велика Британија)

Кралски грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралот Чарлс III. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).

Кралски грб на Обединетото Кралство
Варијанти

Кралскиот грб на Обединетото Кралство за Шкотска

Грбот во употреба на Британската влада

Грбот во употреба на Министерството за Шкотска
Подробно
ГрбоносецЧарлс III
Усвоен1837
ЧеленкаНад кралскиот шлем со златен плашт поставен со ермелин, царствена круна, над која има златен вперен стоечки лав царствено крунисан
ШтитМаршалување: Прво и четврото, црвено, 3 златни лавови вперени во од со сини канџи и јазици поставени вертикално (Англија), второ, златно, црвен разгневен лав во црвена двојна внатрешна бордура украсена со цвета на крин на двете страни (Шкотска), трето, сино, златна харфа со сребрени жици (Ирска); четвртините за Англија и Шкотска си ги менуваат местата на шкотскиот грб.
ДржачиДесно, златен вперен лав царствено крунисан, лево, сребрен еднорог со златни стапала, грива, и рог, и окрунат со златна круна украсена со тефтонски крстови и цвета на крина, на која е закачен ланец поставен помеѓу предните нозе и позади грбот
ПодножјеТјудорска роза, Детелина и Магарешки трн
Мотофранцуски: Dieu et mon droit
ОрдениШтитот е опркужен со Орденот на Подвеската
Претходни варијантивидете подолу
УпотребаНа сите парламентарни закони; корицата на британските пасоши; разни владини институции

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.

Челенката е лав кој ја носи царска круна, која самата е друг приказ на таа круна.

Левиот штитодржач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот штитодржач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец,[1] како што се двата еднорози-штитодржачи на кралскиот грб на Шкотска.

На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што лошо мисли“) на приказ на подвеската зад штитот.

Шкотска

уреди

Кралот има посебна верзија на грбот за Шкотска, каде шкотските елементи имаат почесно место.

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина е прикажан лавот на Шкотска; во вториот, трите лава на Англија, додека во третиот се неоѓа харфата на Ирска.

Челенката без круната на Шкотска е црвен лав кој седи и гледа напред, а самиот ја носи шкотската круна и ги држи другите два елемента на шкотските обележја, имено Државниот мел и Жезолот на Шкотска. Вака изгледала и челенката на грбот на Кралството Шкотска. Според традицијата на шкотската хералдика, мотото стои над челенката и е напишано на шкотски во скратена форма на полното мото: In My Defens God Me Defend.

Штитодржачите стојат на спротивни страни и двата ги носат круните на нивните кралства. Левиот штитодржач е крунисан и опкован со ланци енорог, кој ја симболизира Шкотска. Десниот штитодржач е крунисан лав, која ја симболизира Англија. Помеѓу секој штитодржач и штитот стои копје (ланцета) на кое е истакнато знамето на секое кралство.

На грбот стои и мотото Nemo me impune lacessit („Никој не ме повредува неказнет“) како и, околу штитот, the околувратникот на Орденот на Црниот Трн.

Други земји во Обединетото Кралство

уреди

Официјалната ирска кралска челенка речиси никогаш не се појавува на грбот на Обединетото Кралство, бидејќи, за разлика од Унитарниот Акт од 1700 г. со Шкотска, Унитарниот Акт од 1800 г. со ирска не предвидува посебна ирска верзија на кралскиот грб.

Меѓутоа четвртината со харфа е симбол на Ирска на обете варијанти на грбот. Поради ова, во шкотската верзија останува само една англиски четвртина, а во англиската останува само една шкотска четвртина. Така, Англија, Шкотска и Ирска се претставени на сите верзии на кралскиот грб од времето кога сите тие потпаднале под еден владетел.

За разлика од ова, на кралскиот грб го нема Велс, бидејќи со Унитарниот Акт од 1707 г. Велс се сметал за составен дел на Англија согласно т.н. Акт за Велшките закони 1535-1542, и така може да се каже дека Велс веќе е претставен на англискиот грб. Велс бил кралство под власта на велшките кралеви, од кои некои го обединиле под една круна, но со англиските освојувања Велс престанал да постои како правен ентитет. Оттогаш, наследник на монархот е Принцот од Велс.

Со доаѓањето на власт на Тјудорските кралеви и кралици, кои самите биле од велшко потекло, велшкиот змеј почнал да се употребува како штитодржач за кралскиот грб. Нивните наследници ова го отстраниле, па шкотската династија Стјуарти го замениле тјудорскиот змеј со шкотски еднорог како штитодржач.

Во XX век, грбот на кнежевството Велс бил додаден како подштит (мал штит) кон грбот на Принцот од Велс. Како негова лична стандард, во Велс се вее знаме со тој грб, со зелен подштит со неговата круна. Таканреченото Перје на Принцот од Велс е хералдичка значка, а не грб на штит, но во секој случај ова не е велшки симбол. Перјето води потекло од англиските принцови на Велс (кои пак ова му го должат на подвиготна Едвард, Црниот Принц во Битката кај Креси) и носи германско мото. Во секој случај, перјето не е дел од кралскиот грб, а Принцот од Велс од него се откажува кога ќе стане крал.

Употреба

уреди
 
Кралскиот грб на порта на Бакингемската палата, Лондон

Кралскиот грб како што е прикажан погоре може да го користи само самиот крал. Тој исто така може да се најде и во судниците, since бидејќи во Обединетото Кралство монархот е извор на право и судот е дел од дворот на владетелот (затоа на англиски court значи и „двор“ и „суд“). Судиите официјално се претставници на Круната, и затоа зад судијата на ѕидот стои кралскиот грб.

Британската влада исто така го употребува кралскиот грб како национален симбол на Обединетото Кралство, и, во тоа својство, грбот може да се види на разни владини документи и формулари, пасоши, на амбасади и конзулати итн. Меѓутоа, кога е во употреба на владата, а не на самиот владетел, тогаш грбот е прикажан без шлем. Ова е случај и со шкотскиот грб, верзија во употреба на Министерството за Шкотска.

Кралскиот грб редовно се појавувал на монети Кралската ковачница меѓу кои, на пример, од 1663, Гвинејата и, од 1983 наваму, монетата од £1. Во 2008, Кралската ковачница има издадено серија нови дизајни за сите седум монети од £1 и надолу, од кои секоја го содржи кралскиот грб. Целосниот кралски грб стои на монетата од една фунта, на другите помали монети стојат негови делови, така што би можеле заедно да се состават како сложувалка и повторно да го сочинат целиот грб.[2]

Кралиот доделува Кралски повластици на разни фирми кои го снабдуваат кралското семејство. Со ова фирмите можат да го истакнуваат кралскиот грб на нивните продавници, производи и репроматеријали.

Кралскиот стандард е знаме со мотиви од грбот, кое се вее кога кралиот престојува во дворецот, како и на јавни згради само кога е присутна кралиот. Во кралските резиденции како во замокот Виндзор или Бакингемската палата, главната резиденција на кралиот, кралскиот стандард се вее со цел да се покаже дека кралиот престојува таму. Овој протокол подеднакво важи и за резиденциите на кралиот во Шкотска, (Холирудската палта и замокот Балморал), каде се вее кралиот стандард за Шкотска. Кога монархот не престојува, се вее државното знаме, а пак во Шкотска се вее древниот кралски стандард на Шкотска.

Кралскиот грб се користи и како симбол на судовите на Британска Колумбија, Канада.[3]

Историја

уреди

Денешниот кралски грб е комбинација од грбовите на кралствата кои го сочинуват Обединетото Кралство, и можат да се проследат сѐ до првиот грб на кралевите на Англија и кралевите на Шкотите. Низ годините се јавуваат разни промени, особено со придодавање на грбовите на други освоени или барани територии. Оваа таблица ги проследува промените во кралскиот грб од првите грбови на кралот на Англија, Хенри II и кралот на Шкотите, Вилијам I.

Кралство Англија Кралство Шкотска
Грб Употребуван Подробности
  1154 - 1189 Првиот познат кралски грб на Англија, со златен лав на црвено поле, за првпат користен од кралот Хенри II.
  1189 - 1198 Првиот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, два златни лава на црвено поле.
  1198 - 1340 Породцнежниот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, со три златни леопарди или лавови на црвено поле.[4]
  1340 - 1367 Едвард III го маршалувал кралскиот грб на Англија со древниот грб на Франција, кринот на сино поле, за да го прикаже неговото барано право на францускиот престол.[4]
  1367 - 1399 Ричард II го додал древниот печат на кралот Едвард Исповедникот.[4]
  1399 - 1422 Хенри IV го обновил францускиот грб кон денешната верзија, три крина на сино поле.[4]
  1422 - 1461 Хенри VI го здружил францускиот и англискиот грб.[1]
  1461 - 1470 Едвард IV го вратил грбот на Хенри IV.
  1470 - 1471 Хенри VI го вратил здружениот француско-англиски грб со неговото враќање на престолот.
  1471 - 1554 Едвард IV го вратил својот грб кога повторно го зазел престолот.
  1554 - 1558 Мери I го здружила нејзиниот грб со оној на нејзинот сопруг, кралот на Шпанија Филип II.[4] Иако таткото на кралицата Мери, Хенри VIII, ја зел титулата „Крал на Ирска“ и таа потоа прешла на кралот Филип, самиот грб не бил сменет за да го прикаже Кралството Ирска.
  1558 - 1603 Елизабета I го вратила грбот на Хенри IV.[4]
Грб Употребуван Подробности
  XII век - 1558 Црвен лав на жолто поле со двојна кралска ризница, со наизменични кринови, за првпат употребен од Вилијам I, а подоцна од неговите наследници, па така станал хералдички симбол на Шкотска.
  1558 - 1559 Мери I, Кралица на Шкотите го здружила со грбот на Франсоа, Дофен на Франција, Сопружен крал на Шкотите.[5].
  1559 - 1560 Мери I, Кралица на Шкотите и сопружна кралица на Франција.
  1560 - 1565 Мери I, Кралица на Шкотите и Кралска вдовица на Франција.
  1565 - 1603 Со нејзиниот (втор) брак со Хенри Стјуарт, Лорд Дарнли во 1565, Мери го укинува франко-шкотскиот грб и го враќа грбот на Кралството Шкотска[6]. Кралот Џејмс VI е последниот шкотски монарх кој го користел овој грб пред Унијата на Круните во 1603 г.
Унијата на Круните ги става Англија, Ирска и Шкотска под власта на еден владетел
Грб Употребуван Подробности
 
1603 - 1649 Џејмс VI, Крал на Шкотите го наследува англискиот и ирскиот престол во 1603, (Унија на Круните), и го маршалува кралскиот грб на Англија со кралскиот грб на Шкотска. За првпат, кралскиот грб на Ирска станува дел од грбот за да го претставува Кралството Ирска.[4] (Шкотската верзија се разликува со тоа што шкотските елементи се најистакнати).
 
1649 - 1660 Англиски Интеррегнум

За време на Државната заедница и Протекторатот се менуваат грбовите, кои сега се состојат од грбот на Англија, Шкотска и Ирска маршалувани со грбот на Оливер Кромвел на штит во средиштето.[4]

 
1660 - 1689 Чарлс II го вратил кралскиот грб.
 
1689 - 1702 Кралот Џејмс II & VII е сменет со неговата ќерка Мери и нејзиниот сопруг, Вилијам, Принц Орански кој владеел заедно со Вилијам III & II и Мери II. Бил додаден и штитот на Насау (династијата на Вилијам) (златен лав на сино поле).[4]
 
1702 - 1707 Кралицата Ана го наследува престолот со смртта на кралот Вилијам III & II, и така кралскиот грб се враќа на неговата верзија од 1603 г.[4]
 
1707 - 1714 Со Унитарниот Акт од 1707 г. е создадено Кралството Велика Британија (1707-1800). Кралските грбови на Англија и Шкотска се здружени и поместени на првиот и четвртата четвртина, Франција на втората, а Ирска на третата.[4]
 
1714 - 1801 Изборен кнез на Хановер го наследува престолот со смртта на Кралицата Ана согласно Актот за Престолонаследството од 1701 г., и така станува Крал Џорџ I. Четвртата четвртина од грбот бил променет за да ги прикаже новите поседи на кралот: Хановер (Брауншвајг-Линебург-Вестфалија, надвиснато со царската круна на Светото Римско Царство за светата римска функција Главен зманеносец/Главен ризничар).[4]
 
1801 - 1837 Унитарниот Акт од 1801 г. ги обединува кралствата Велика Британија и Ирска. Кралот Џорџ III се откажува од древното барање за право врз францускиот престол. Кралскиот грб се менува, со тоа што сега Англија стои на првата четвртина, Шкотска на втората, и Ирска на третата. За Изборното кнежевство Хановер има подштит врз кој стои кнежевска капа. Во 1816 г. таа била заменета со кралска круна, бидејќи Хановер бил прогласен за кралство.[4]
 
1837 - денес Со крунисувањето на Кралицата Викторија завршува персоналната унија помеѓу Обединетото Кралство и Хановер, бидејќи Салискиот законик налага дека на хановерскиот престол не може да дојде жена. Штитот на Хановер е тргнат, а кралскиот грб останува ист.[4] Со стекнувањето на британскиот монарх на други титули, како да пример Цар на Индија, не се направиле обиди за промена на грбот. Харфата на Кралството Ирска останува на грбот, и покрај расцепот во 1921 и фактот што наследникот на Ирската Слободна Држава, Република Ирска го напушта Британскиот Комонвелт во 1948. Кралскиот грб не содржи конкретни елементи за Северна Ирска или Велс, бидејќи тие не се кралства. Северна Ирска и денес останува административна единица на Обединетото Кралство, составена од деветте грофовии во Алстер (провинција на Кралството Ирска). Велс пак, некогаш независно кнежевство, потпаднало под Кралството Англија по англиските освојувања. Меѓутоа, Принцот од Велс има грб за Велс во средиштето на неговиот личен грб. (Во Шкотска се користи посебна верзија на кралскиот грб).

Други варијанти

уреди

Кралско семејство

уреди

Членовите на британското кралско семејство добиваат свои лични грбови засновани на кралскиот грб. Само деца и внуци на монархот по машка линија имаат право на ваков грб. Грбовите на децата на монархот се одликуваат со тризабен ремен; внуците пак врз грбот имаат петзабен ремен. Исклучок од ова е најстариот син на Принцот од Велс, кој добива трозабен ремен. Од 1911, на грбот на Принцот од Велс стои и подштит (мал штит) со древниот грб на Кнежевството Велс.

Сопругите на монарсите и нивните синови исто така добиваат свои лични грбови. Обично ова е грбот ан сопругот здружен со нејзин личен грб или татковиот грб. Меѓутоа сопрузите на владеачки кралици немаат право да го користат кралскиот грб. Затоа Принцот Филип, Војводата од Единбург користи свој личен грб.

Следниве членови на кралското семејство моментално имаат грб заснован на кралскиот грб:

Деца и внуци на монархот по машка линија
Грб/Стандард Носител Разлика
  НКВ Принцот од Велс Прост трозабен ремен со подштит од грбот на Кнежевството Велс.[4]
  НКВ Принцот Хари од Велс Петозабен ремен со три црвени школки на наизменични запци.
  НКВ Војводата од Јорк Трозабен ремен, со сина котва во средиштето.[4]
  НКВ Принцезата Беатриса од Јорк Петозабен ремен со три пчели на наизменични запци.
  НКВ Принцезата Евгенија од Јорк Петозбен ремен со три магарешки трна на наизменични запци.
  НКВ Ерлот од Весекс Трозабен ремен, со тјудорска роза во средиштето.
  НКВ Кралската Принцеза Трозабен ремен, со три црвени крста и црвено срце на нив.[4]
  НКВ Војводата од Глостер Петозабен ремен, првиот, третиот и петтиот заб со црвен крст, додека вториот и четвртиот се со црвен лав.[4]
  НКВ Војводата од Кент Петозабен ремен, првиот третиот и петтиот заб со сина котва, додека вториот и четвртиот со црвен крст.[4]
  НКВ Принцот Мајкл од Кент Петозабен ремен, првиот, третиот и петтиот заб со црвен крст, додека вториот и четвртиот со сина котва.[4]
  НКВ Принцезата Александра Петозабен ремен, првиот и петтиот заб имаат црвено срце, вториот и четвртиот имаат сина котва, додека третиот има црвен крст.[4]
Сопружници
  НВ Кралица Камила Грбот на Крал здружен со грбот на татко ѝ, Мајор Брус Шенд, крунисан со кралствена круна.
  НКВ Катарина од Велс Грбот на Принцот од Велс здружен со грбот на татко ѝ, Мајкел Миделтон, крунисан со single-arched круната на Принцот од Велс.
  НКВ Грофицата од Весекс Грбот на Ерлот од Весекс здружен со нејзин личен грб.

Влада

уреди
 
Верзијата во употреба на Британската влада
 
Верзијата во употреба на Министерството за Шкотска

Британската влада користи верзија на кралскиот грб без шлем и челенка, и како резултат на тоа круната стои врз штитот. За сето она што се однесува до Шкотска, Министерството за Шкотска ја употребува шкотската верзија, и тука без шлем и челенка.

Грбот стои на:

Се користи само од следниве владини институции:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Хералдички вајар| Пристапено на 29 април 2008
  2. Нови британски монети Архивирано на 22 мај 2008 г. (англиски)
  3. Судови на Канада (англиски)
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 4,20 Brooke-Little, J.P. FSA (1978) [1950]. Boutell's Heraldry (Revised. изд.). London: Frederick Warne LTD. стр. стр. 205-222. ISBN 0-7232-2096-4.
  5. Франко-шкотските монети на Мери Стјуарт и Франсоа II Архивирано на 26 февруари 2008 г. (англиски)
  6. Шкотски монети ~ Мери (1542 - 1567)[мртва врска] (англиски)

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Грб на Обединетото Кралство“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).