Плашт (хералдика)

елемент во хералдиката

Плашт (или мантија) — хералдички елемент на грбот во облик на наметка прикачена за шлемот над штитот. Таа игра улога на позадина на штитот. Нацртана на хартија, ова е приказ на заштитното платно кое витезите го носеле зад шлемовите за да го заштитат металот од временските прилики, но и за да го омекнат ударот од противничките мечеви. Токму од оваа причина плаштот е прикажан раскинат на разни места. Поретко платното се среќава цело, во кој случај најчесто се работи за свештеник кој користи шлем и плашт (што означува дека свештеникот не бил во битка, иако прусиството на шлемот е извесно противречие само по себе). Ова е обично уметнички избор на уметникот, и со себе не носи симболично значење.

При блазонирањето, плаштот се опишува од обете страни. Една од нив е во боја (петте главни бои се црвената, сината, зелената, зрната и пурпурната—постојат и други, но тие се многу ретки), а другата во метал (бело или жолто). Плаштот обично е во претежната боја на штитот, или пак во некоја службена боја која ја симболизира функцијата на носителот на грбот. Постојат и исклучоци, како на пример употреба на други поретки бои, надворешната страна е расечена со две бои, или пак обете се расечени. Уште поретко се среќаваат други поделби во плаштот, или случаи каде целиот плашт е во една иста боја. Грбовите на монарсите честопати претставуваат исклучок - грбот на Обединетото Кралство и грбот на јапонскиот цар Акихито, каде плаштот е со злато, поставено со ермелин[1]. За ваквите мантии се смета дека прилегаат само на владетели.

Во раните денови на развојот на челенката, пред венецот, биле измислени круни и капи, и така челенката честопати продолжувала во плаштот кадешто било изводливо (на пр. ако челенката е во вид на половина човечка фигура или животно, чија облека или крзно продолжува во плаштот). Овој обичај е особено присутен во Германија.

Постојат ретки примери каде плаштот се блазонира со надополнување на самиот грб, имитирајќи ги ординариите и фигурите од штитот. Прикажаните фигури на плаштот најчесто се посеани врз неа, [1] Архивирано на 28 септември 2007 г..

Грбот на градот Бауцен (Будишин) со раскошен плашт

Плаштот низ вековите уреди

Наводи уреди

  1. Грб на царот Акихито Архивирано на 26 декември 2008 г. (англиски)